Па е 1.4 ХДи е 2-3 пати подобар мотор од 1.2 атмосферец.
кажи ми само зашто? затоа што е ДИЗЕЛ?и не дека е некој критериум ценовникот, ама погледни баш. за таа цена, со 1.4HDI, нема ни клима, ни ништо...имаме двајца членови на форумов, со 1.2tsi, у Yeti, двајцата имаа проблеми со турбината. мислам дека ова и класниот погоре го кажа.
ова ми беше топ тема у ноевмри, лани, кога невестата купуеше кола. Ибицата, мене лично не ми се свиѓа, и нема шо да зборам. За сузукито, па ич не знам. Нит сум се качил, нит сум го возел.
Фиеста и Рио. Риото, убаво, модерно, фино. Тогаш највисоко ниво на опрема плус алу фелни, 11.500 беше. 1.2, 80 и нешто кс, и све шо треба да има. Мене лично ми сметаше моментот шо напред многу ми дојде мала шофершајвната, некако помала прегледност, и коа седнав, прво нешо шо приметив, ми удри нога у централната конзола (можда е ради мене, голем чоек сум). инаку, фино... ми се свиѓа.
Фиеста. Невестата зема фиеста. 1.25, 82кс, титаниум, и плус електронски клима уред, блутут ова она. Се на се, 11.400. Супер е, за мене е пак некако малечка, па морам да поместувам седишта и слично. Иначе, барем мене, ми делува попрегледна у споредба со Риото. Генерално колата уште нема ни 2000км поминато, па не можам да зборам колку е релевантен моментот потрошња и слично. Супер си е колата.
Јас сепак не би ги исфрлал и другите коли у таа класа. има што да се види. Поло не би зел. Би разгледал Корса, можда и Авео.
и уште нешто... моментот темпомат, нека не ти биде момент кој ќе те привлече кон одреден момент. реално за поголем процент градска вожња, мислам дека не ти треба. па дури и на отворено, мислам дека е тоа алатка која одговара на некое појако возило. мое мислење.
како и да е, изборот е твој. ние тука кажуваме наши мислења, искуства. ти си тој што треба да одлучи. Со среќа во купувањето!
п.с. ако некогаш се заинтересираш за фиестата, ете и ја да ти кажам, ако сакаш да ја видиш, пробаш... тука сме. 
Значи штом имале проблеми со турбината, а за истиот мотор се работи значи може да се појави и кај Ибицата тој проблем мада се различни класи на возила и плус мислам дека тој мотор на Јети-то е премал за таа каросерија.
И сакам да ве прашам што мислите за Рено Клио без разлика дали е бензин или дизел? Чисто информативно прашувам. 
може да е муабетот тој. различни класи, друга кола, па затоа се случува... ама ај, ИДИ ризикувај ? не е сеедно нели. 
за клиото, неам шо да кажам. никад не сум се заинтересирал. нека кажат други, покомпетентни. 
Епа тоа е целата работа што сега ме кочи за Ибицата(негде прочитав дека и голф 6-ките имале проблем со турбината) не сакам да ризикувам и после да дадам уште толку пари за турбината ако се поебе. А и ќе треба да се погледне и Риото ништо не губам!
погледни све. зошо кола купуваш. не зимаш точак.

погледни све што ти е у рамки на парите што имаш и план да ги дадеш. разгледа, распрашај се. нека не ти биде брза одлука. за tsi моторот, и мене ми е тоа муабетот. можда е некаде добро покажан, ама некаде не. па ај сеа ти фрли толку пари, и после глава од ѕид да маваш?
Зошто има 170Nm на помалку од 2000 вртежи, зошто со 5-та брзина може и да лазиш и да го качуваш Ѓавато под полн товар.
која корист од качување Ѓавато, кога на чоекот му треба за низ град? за до факултет и до дома? башка, ти лази и качувај го у 5та, ја у 3та ќе ти мафтам.
Додека ти мафташ дизелчето со мал притисок на гаста во 5-та ќе развие 130км/х, додека бензинецот урла во 3-та и клиповите се готови да летнат низ хауба.
прво да видам како идеш 130 у 5та, па после остатокот од муабетот ќе го праиме. а ако мислиш така за клиповите, голема грешка си.