Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Мене денес ми стигна кејсче (и фолија) за телефонот нарачано од AliExpress. Цели 8 долари сосе испорака до Македонија. Искуството со AliExpress ми е мошне позитивно. Неколку пати сум нарачувал ситници и стигаат за рецимо 3-4 недели.
Граѓаните што купуваат преку интернет ќе може да нарачуваат од странство производи со вредност од 150 евра без да платат царина. Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.
Може негде имате пишано, ама да не ја пребарувам цела тема, ако може некој нека ми каже. Ме интересира од AliExpress со какви картички можам да нарачам (од кои банки, кредитни, дебитни...)
Јас нарачувам со виза електрон на нлб. Не сум имал проблеми до сега.Инаку: (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат: Мартин_91 на 29 Декември 2013, 13:44:08 pmМоже негде имате пишано, ама да не ја пребарувам цела тема, ако може некој нека ми каже. Ме интересира од AliExpress со какви картички можам да нарачам (од кои банки, кредитни, дебитни...)Со сите дебитни картички VISA или MasterCard во Македонија.