Многу јака заебанција ми направија со нарачка од али експрес.
Порачав лед сијалици кои ги платив 20 долари.
По 30тина дена ми sвонат од некое карго дека има пратка за мене и му кажав каде да ја остават. Му се јавувам на татко ми дали ја зеде пратката, вика ја зедов ама ко празна да е. И си реков фолија за мобилен има стасано.
Одам дома, ја отворам пратката и внатре имаше само празна зип кесичка. Го гледам тракинг бројот и сфатив дека тука требало да бидат лед сијалиците.
2 недели се допишувам со агенти, чат ботови, мејлови, слики, видеа ама безуспешно. Не ми верувале дека пакетот бил празен.
Ако имал некој слична случка, може да пиши совет како да постапам. Ги прежалав 1000 денари ама глупо се чуствувам оти јак заеб ми направија
Не знам како да се заштитиме во ваква ситуација. Тракинг бројот е точен, пакетот празен. Пакетот стасува, го дава како Delivered, ама остануваш бел во очите
Многу пати сум порачувал од али експрес, но првпат ваква заебанција ми прават.
Најверојатно многу балканци има што им стигнува пратката (без тракинг број) па бараат рифанд. А сега кинезиве го возвраќаат ударот.
Така да, ако ви се јават од карго (веќе 3-4 пати карго ми доставува пратки од али експрес) и ви е сумлива пратката, не ја прифаќајте за да не стои Delivered.
Ако сакаш да тераш инает до крај, постои можност да се направи dispute директно кај банката од каде што ти е картичката, што што ги заобиколува Али Експрес и продавачот. Обично кога на клиент навистина нема да му се достави нешто, упорен е до крај, и лесно се разликува некој кој сака да добие втор пакет за џабе. Второ, провери ја тежината на пратениот пакет доколку можеш, колку било пратено и колку е доставено. Не знам колку се тешки сијаличките, ми делува дека се лесни.
Немав претстава дека може да се направи dispute кај банката од која ми е картичката. Ако не успеам да се разберам со AliExpress по мејлови, можда ќе се обратам и в банка
На пакетчето пишува дека е тешко 112 грама што можеби е реалната тежина доколку имаше сијалици внатре, а уствари тежи само 8 грама. Му имам направено слика да видат колку тежи пакетчето.
Моментално имам отворено Appeal, ќе видам до кај ќе стасам.
Во неколку чатови/мејлови им праќав линк од Гугл драјв со слики и видео, но како да го игнорираа тоа. Можно е да немаат пристап во Кина на Гугл драјв (што ми нема логика, ќе си користат ВПН, сепак работат со цел свет)?
@Bicikle Огласот од каде што ги порачав сијалиците го тргнаа, не постои повеќе и не можам да им оставам ривју на тој оглас. Ќе треба нови работи да порачувам од кај истиот продавач, па пак можи да ме зае*и