Многу јака заебанција ми направија со нарачка од али експрес.
Порачав лед сијалици кои ги платив 20 долари.
По 30тина дена ми sвонат од некое карго дека има пратка за мене и му кажав каде да ја остават. Му се јавувам на татко ми дали ја зеде пратката, вика ја зедов ама ко празна да е. И си реков фолија за мобилен има стасано.
Одам дома, ја отворам пратката и внатре имаше само празна зип кесичка. Го гледам тракинг бројот и сфатив дека тука требало да бидат лед сијалиците.
2 недели се допишувам со агенти, чат ботови, мејлови, слики, видеа ама безуспешно. Не ми верувале дека пакетот бил празен.
Ако имал некој слична случка, може да пиши совет како да постапам. Ги прежалав 1000 денари ама глупо се чуствувам оти јак заеб ми направија
Не знам како да се заштитиме во ваква ситуација. Тракинг бројот е точен, пакетот празен. Пакетот стасува, го дава како Delivered, ама остануваш бел во очите
Многу пати сум порачувал од али експрес, но првпат ваква заебанција ми прават.
Најверојатно многу балканци има што им стигнува пратката (без тракинг број) па бараат рифанд. А сега кинезиве го возвраќаат ударот.
Така да, ако ви се јават од карго (веќе 3-4 пати карго ми доставува пратки од али експрес) и ви е сумлива пратката, не ја прифаќајте за да не стои Delivered.