Ајде едно искуство со Аутоцентар Струмица или такозвани „Мартин Ауто“.
Сестра ми на аудито го скрше левиот ќош и решивме да порачаме подкрила и држач за браник од Аутоцентар.
За левото ги порачавме двата дела, а за десното од порано пукнато ај само едниот дел. Ги порачавме најефтините марка „Starline“ на вебот. Тотал ~3000ден.
Пуштање по ЕЛС и подигнување од кај нив, го платив, го земам за вкола гледам поголемото поткрило пукнато 20цм и некоја будала селотејп една лента му ставил да замаскира.
Изнервиран јас 500 од претходно, одма му се јавувам пред карго на Аутоцентар фиксниот. Му кажувам вака и вака, ми вика не е можно јас лично ја паковав пратката, здрава беше.
(во умот си викам овој е попара нешто, пошто поткрилата беа со селотејп излепени меѓусебно и така фрлени за транспорт, шо паковаше не знам...)
Одење кај мајсторот да ги оставам и „отпаковам“, вториот дел од левото поткрило испукано одоколу насекаде. Десното поткрило здраво, пошто беше од помека пластика флексибилна.
„Starline“ врска нема, затоа не можев никакво инфо за деловите да најдам, производител некоја пластичара во полска, чешка...шо знам, за левото поткрило, за десното друга марка, видна разлика 500, а ти мислиш исти порачуваш.
Ајде слики по вибер едно друго,... и ми пуштија ливче за рекламација и да му ги вратам. Ги паковам во „оригинално паковање“ поткрилата за левото тркало
и плаќам 150ден карго назад, без фискална кај клошарите од ЕЛС и чекам одговор.
Прашувам по 2 дена дали ја добија пратката, ми потврдија ама се сопнаа, „абе грешен документ ви испративме, друг требаше“ и ми праќаат следно на вибер рекламација за каргото ЕЛС.
Ја префрлаат топката, ја пополнувам уредно и таа документација, му пуштам слика на нив и ливчето во ЕЛС.
И еве две недели ми продаваат приказни од ЕЛС, камери да видиме, случајот не е разгледан, да зборувам со одговорен, кој беше ти ај уште еднаш, и последно сме од денес, ќе ви се јавиме значи ко ќе се донеси одлука.
За 1700ден делумна оштета толкаво фирмиште се прави на тошо. Од Аутоцентар шајбна не порачувам одсега, картонска амбалажа да немале а како фирма со испорака работат.
Голготата продолжува...
(смирена верзија)
Пакетот спремен за назад, во оригинална амбалажа: