Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 366367 пати)

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1766
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2475 на: 22 Февруари 2022, 22:54:27 pm »
Нема поента ако се плаќа ддв и царина,  прво ќе платиш германско ддв 19% па кај нас 18% плус царина.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2476 на: 22 Февруари 2022, 23:10:27 pm »
И шо ќе биди после десеттиот ден?Ќе наплаќа лежарина за тоа што не нашол транспорт?

Мислам дека идејата е 10 дена и да собереш повеке ствари и да ги препакуваат на твое име за Македонија.
Јас го сваќам да соберат едно 200 порачки/пратки или повеќе,и да ги испратат за Мк.Но како тоа на групаж ќе оди со царина,на "куќно" царинење или секое единечно,шо знам.
Мислам дека фаќаат на сентиш заради тоа што нена испорака за Мк од доста места и фирми или ако го има чекаш до недоглед.
Шо знам,ај баш ќе видиме како функционира на кој принцип.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2477 на: 22 Февруари 2022, 23:16:48 pm »
За вакви потези го користам mailboxde.com - физичка адреса во ДЕ, не се прескапи и праќаат по обична пошта за МК. До сега сум користел само услуга на препраќање, не и на комбинација од неколку пратки (ти стигаат 3 пратки кај нив и они ги пакуваат во една и така ја пуштаат за МК). Комбинацијата на пратки кошта 14 еур еднократно за цела година.

Во МК преку сите експресни пошти сите пратки се царинат без исклучок, а се што доаѓа со обична пошта / ЕМС ретко се царини.

Оваа опција далеку повеќе ми се допаѓа.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2478 на: 23 Февруари 2022, 07:07:53 am »
Преку УПС ми стигнаа лепенки за мотор од LV кои коштаат 150€, доставено до врата без никакви дополнителни трошоци.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2479 на: 23 Февруари 2022, 07:24:06 am »
Преку Пост Експрес ќе платиш:
- Германски данок
- поштарина до нивниот склад, ако веќе не е бесплатна
- надоместок за складирање, обработка и испраќање до Македонија
- царина и ддв Македонски кои тие ќе ја платат при увоз

и така 100€ пратка ќе ти дојди 200€.  ;D
Мора да работат легално, не можат да се рекламираат правиме шверц на роба од амазон.

Услугата е реално бескорисна, со многу ретки исклучоци, ама ако, нека има.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2480 на: 23 Февруари 2022, 08:23:11 am »
Ако брачедот на газдата на фирмата е на царинска испостава, баш и ќе биде балканското.

Нека не ве чуди, тука се е можно. Едни исти цариници секогаш кога се на смена царинат исти фирми итн...

Абе Коза Ностра не им е рамна.

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1766
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2481 на: 23 Февруари 2022, 08:39:28 am »
Преку Пост Експрес ќе платиш:
- Германски данок
- поштарина до нивниот склад, ако веќе не е бесплатна
- надоместок за складирање, обработка и испраќање до Македонија
- царина и ддв Македонски кои тие ќе ја платат при увоз

и така 100€ пратка ќе ти дојди 200€.  ;D
Мора да работат легално, не можат да се рекламираат правиме шверц на роба од амазон.

Услугата е реално бескорисна, со многу ретки исклучоци, ама ако, нека има.

Кога можат Ледиком да работат како што работат, зошто да не можат овие така.
Ако вртел некој да праша нека пише, или ќе вртам после баш да прашам за царина и ДДВ.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2482 на: 23 Февруари 2022, 09:09:26 am »
Ај прашајте за царина и ДДВ. Се токмам да порачам нешто од Amazon.com само то ме нервира со царината и ДДВ-то.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2483 на: 23 Февруари 2022, 10:16:11 am »
Преголеми оптимисти сте.
Тоа шо го барате можите само приватно со „Венко“ превоз шо прави Германија - МК и назад, да го договорите, ама ај ќе кажите, можи грешам.  ;D

Ако брачедот на газдата на фирмата е на царинска испостава, баш и ќе биде балканското.

Да, во смисла, тебе ќе ти наплатат царина за производот, а тие ќе го поминат така, ако веќе се прави балканското. Барем јас така би правел.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2484 на: 23 Февруари 2022, 10:46:02 am »
Процедурално: Ако си порачувате на amazon.de не плаќате царина ако купувате од Германија и Европа. Гледајте од кај порачувате.
Исто имате и на AliExpress да си порачувате од Европа.

Јас Шведска си порачував поскапи работи од Шпанија еднаш - не платив нормално никаква царина и давачки.

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2485 на: 23 Февруари 2022, 11:07:29 am »
Ја никогаш не сум нашал производ да биде пратен од Шведска или Шпанија преку Али, ил па грешка сум нешто ?
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2486 на: 23 Февруари 2022, 11:20:11 am »
Кај нас не може да се порача (барем не сум зачекал) од европско складиште. Карпатиан кажува дека порачувал од европски складишта додека бил во Шведска.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2487 на: 23 Февруари 2022, 11:21:01 am »
Нудат продавачите некои од европски локации, ама кога ќе одбериш Македонија, имаш опција само од Кина.

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1766
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2488 на: 23 Февруари 2022, 11:28:12 am »
Праќаат и од Еу некад. Јас имав пакет кој навидум требаше да биде од Кина, на тракинг испадна од Холандија преку PostNL пратен, истиот дојде за 10-тина дена.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #2489 на: 23 Февруари 2022, 11:31:25 am »
Ја никогаш не сум нашал производ да биде пратен од Шведска или Шпанија преку Али, ил па грешка сум нешто ?

Добар дел работите имаш да бираш од каде да ти ги пратат. Имаат магацини низ Европа. За жал кај нас доаѓаат само од Кина.