За вакви потези го користам mailboxde.com - физичка адреса во ДЕ, не се прескапи и праќаат по обична пошта за МК. До сега сум користел само услуга на препраќање, не и на комбинација од неколку пратки (ти стигаат 3 пратки кај нив и они ги пакуваат во една и така ја пуштаат за МК). Комбинацијата на пратки кошта 14 еур еднократно за цела година.
Во МК преку сите експресни пошти сите пратки се царинат без исклучок, а се што доаѓа со обична пошта / ЕМС ретко се царини.
Поскапи работи кои ми ги праќаат по експресни пошти ги преземам во некоја ДХЛ пик ап поинт во Солун, јас или близок.
Се што е половна техника ако дојде во МК и се царини ќе ви бараат одобрение од министерство за заштита на животна средина, пазете.