Генерално, при царинење на поштенска пратка се наплаќаат 4 ставки:
1. Царинска проверка (генерално фиксна цена - вклучува отварање и инспекција на пакетот) - да не карикирам премногу, мислам дека е <500 денари;
2. Царинска стапка (од 0% [за некои производи] до 15%);
3. ДДВ (генерално 18%);
4. Поштенски услуги - да не карикирам премногу, мислам дека е <500 денари дури и за најголемите пакети.
Е сега, што е важно. Сумите се адитивни, се додаваат една на друга. На пример:
1. Основица за царинење е вредноста ПЛУС транспортот - така што ако порачате нешто што чини $50, а транспортот е $30, основата за царинење е $80;
2. На основицата се додава царина, значи $80 + 15% = $92;
3. На оваа сума се додава данок, значи $92 + 18% = $109;
4. На оваа сума се додаваат останатите трошоци, еве да речеме $5 за мали пакети.
Ова целото вели дека крајната сума изнесува $114 - основицата = $34. Производот чини $50, но вие сте платиле $34 што се речиси 70% од вредноста на производот, САМО за царински трошоци (данок итн).
Повторно, ова е само груба пресметка. Но јасно е како за нешто се плаќаат МНОГУ давачки (процентуално, де).
Многу често муабетите се нецелосни - "еј, за $50 пакетче платив $34 царина!", без да се земат во предвид останатите работи.