Иначе сакав да прашам како да извадам нова картичка на мое име ? Во тутунска банка планирам..
Малце незгодно ми е да им појдам да им речам, сакам картичка со која што ќе можам да порачувам работи од интернет..
Не знам колку години имаш, (не знам под 18 дали можиш) ама никој ништо не те прашва, само ќе му речиш, сакам да отворам трансакциска сметка.
Ти дават ливчиња за апликација, и можи ќе те прашат за шо ќе се користи, плата, пензија, стипендија, ти ќе му речиш за купување преку интернет,
колку да напишат тие внатре. И по недела две, ќе ти стигни порака за да си ја подигниш Visa Electron од банка.
Си ставаш пари колку што чини пљачката и си ја купуваш.
Моја препорака тутунска, ама виза си е виза сегде, и не ја користи на таткоти од платата никако, освен за МК сервиси.
Оти ми се има случено автоматски да си тргни 250$ Shutterstock за нова месечна претплата, какви хорори испрочитав во меѓувреме додека чекав одговор за да ми се вратат парите. Не ги враќале, се инаетеле вака така, ама ќути, по два три дена ми ги вратија.