Дечки, ми здосади малку од колава, па ме чешка да ја заменам. Прошарав по нетов и гледам дека имало автоплацеви кои нудат коли на кредит, па ми светна да ја продадам Шкодата и парите да ги искористам за отприлика 50% учество за половна, ама поубава кола и да плаќам по стотче месечно 1-2 години. Кажете ми зошто е тоа лоша идеја и зошто е тоа добра идеја.
Исто, ако некој имал вакво искуство, ако сака, да сподели, процедура, трошоци, услови, квалитетен автоплац итн...