Прашањево ќе го спојував во другата тема кај што прашував за колите од КП ама еве сепак овде, кај што му е местото. Знам дека од старо не може да се очекува којзнае што, меѓутоа потребите ми се скромни како и буџетот. Возам просек 5000 км годишно, што некој би рекол дека е малку, ама тие ми се потребите за сега, па и во наредните 2-3 год.
Се размислував за некое мало градско од типот на гранде пунто, корса од 2007-ма да речеме. Ако километражата наведува на тоа дека малку возам, ваљда во предвид би дошла бензин варијанта како превентива од скапи дефекти, па може да се бара нешто поново и со помалку км. Тоа е мислам најважниот критериум за купување половна кола, нели? :rolleyes:
Имам моментално голф 4 1.9тди 90КС од 98-ма и го имам 6 год без 3 месеци. На почеток кога ја зедов сменив ребраст, затегачите мислам ги сменија ама не сите, наводно некои добри биле, водна пумпа, некоја манжетна, сензор за абс итн..од тогаш само редовно масло и филтри на 2 год и некои поситни поправки. Генерално сум задоволен, потрошњата и регистрацијата се најголема предност, тоа сигурен сум ви е познато за овие коли

. Само што немам клима тоа ме кочи малце и што колата влегува во 20-та година па мора да се мисли на иднината јбг...иако ретко кој модел да изгледа така цврсто, издржливо и по 20 год. Имам чувство дека со добро одржување ќе тера уште 10 год :pos:.
Онака по кеф ми се астрите Х да речам и последно исто гледам и мерива, заради практичноста и просторноста внатре и во гепек. Инаку сериозното барање и купување би се случиле здравје в година, по 8-10 месеци од сега. Ваши предлози? Буџет 4000 еур макс.