Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 942784 пати)

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1395 на: 12 Јули 2016, 22:01:47 pm »
Za Alfa imas nekolku temi razlistaj malce ...

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1396 на: 13 Јули 2016, 00:25:44 am »
Пред се би ти препорачал да не зимаш Меган седан, тој модел се произведуваше во Турција и е со послаб квалитет од хечбекот. Ако сакаш Меган, да си земеш хечбек.

Поголема глупост одамна немам прочитано...

ај молимте образложи зашто е глупост според тебе
« Последно менување: 13 Јули 2016, 02:26:43 am mk2b »

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3467
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1397 на: 13 Јули 2016, 15:17:08 pm »
Ќе образложам кога ти ќе образложиш зошто се со послаб квалитет.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1398 на: 13 Јули 2016, 15:23:18 pm »
Квалитетот на производот зависи од самиот призводсвен процес, а не од местото на кое се одвива.
Да не мислиш оти самиот план за производство, процес на производство и контрола на квалитет е нешто различна во Франција.

Што се однесува до меган имам возено 1,4 бензин седан, 1.5 и 1,9 дизел седан и хечбек. Немам забележено некоја разлика во однос на понашање и квалитет.
Вујко ми имаше 1,4 седан го зеде нов и го извозе едно 150 000 км немаше некој дефект.

Renault Modus се произведува само во Шпанија па до 80 000 км го оправав од лоши фабрички делови, за кои не е виновна самата фабрика туку инженерите на Рено во франција кои лошо ги дизајнирале деловите, кои подоцна си ги исправија. Сега треба да треба да тврдам дека сите коли кои се произведуваат во Шпанија не ги бива, заедно со  Seat.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1399 на: 13 Јули 2016, 15:29:30 pm »
Нема врска, Seat не го бива пошто е VW, не дека е шпански. ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1400 на: 13 Јули 2016, 15:29:57 pm »
Од интегра знам дечко што купи Астра Х гтц со наводно 110.000 и на одмор го остави кумплунгот. Зборам по помалце од 500 км од купување пукна лагер на хидраулика на кумплунг, му истече глицеринот и го остави заглавен во 4-та на аутопут према Игуменица.

И на мојата Astra H пред 2-3 недели се расипа во возење друк лагерот т.е. хидрауликата негова. Среќа што откажа тука во МК, оправката чинеше 150eu со се работна рака. На околу 110Kkm, незнам точно колку има бидејќи не ја возам јас, татко ми ја вози. Купена на ново во 2008. Така да, ништо чудно и стварно да имала изминато толку километри колата што ја посочи.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3467
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1401 на: 13 Јули 2016, 15:37:38 pm »
Фабриката во Бурса е најголема фабрика на Рено воопшто, во неа се произведуваат мотори и оски кои ги праќаат во сите фабрики на Рено ширум светот.
А за неквалитетот на турските седани и Флуенси говори искуството на колите што се возат тука низ МК. Такси ИН нема Флуенс под 300 000, Рива со седаните ги утепаа.
Јас имам седан од салон има преку 155 000 моментално, презадоволен.

https://group.renault.com/en/our-company/locations/renault-locations/bursa-oyak-plant-2/

Ајде кажи пример за неквалитет?

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1402 на: 14 Јули 2016, 02:05:59 am »
Нема проблем:

Ефтина работна рака, што придонесува до ефтин квалитет, односно: поефтини материјали, послаба завршна обработка, можеби и послаба заштита од корозија и поефтини делови (не тврдам за ова последново). Заради сето тоа имаат и пониска цена од возилата кои се произведуваат во Франција.

А за контрола на квалитет, само ќе го оставам ова:

Јас работам како контрола на квалитет. Точно е тоа дека контролата е одговорна за евентуални пропусти, ама како што гледаме кај евтините верзии на модели (како што е Classic кај опел) се штедело на изолација и сл, истото може да се види на последните слики од Цитроенов погоре (се штедело на термичка изолација). Тоа не е работа на контрола, туку е конструктивно решение наложено од производителот и никој освен него неможе да го промени. Контролата може да провери само дали се што треба да се стави е поставено, и дали е ставено како што треба.

Една работа ме занима: вие имате купено нови примероци од тој модел. Дали сте виделе како изгледа половен Меган седан од увоз? Дали знаете некој кој има купено таков модел на старо? Со оглед на тоа што темава е за половни автомобили, дали ви е јасно дека Меган седан и нему сличните возила (Линеа/Албеа, Корола седан, Талија итн.) се најчесто користени како такси возила, извозени до смрт по какви не патишта? Зошто некој би купил такво возило за кое има огромна шанса да е користено за такси? Тие возила не се купуваат на старо.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8067
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1403 на: 14 Јули 2016, 09:22:12 am »
Убави детали да се знаат.

Тоа не значи дека нема да се најде возило за увоз од приватен корисник или пак дека во тие Европски земји нема начин да се провери истото.

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1404 на: 14 Јули 2016, 13:09:26 pm »
Абе добро, може да се најде и добар примерок, не викам оти не може, ама повеќето примероци се бивши такси возила. Но и да се најде таков примерок, квалитетот е тој што е.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1405 на: 14 Јули 2016, 13:48:21 pm »
Ефтина работна рака, што придонесува до ефтин квалитет, односно: поефтини материјали, послаба завршна обработка, можеби и послаба заштита од корозија и поефтини делови (не тврдам за ова последново). Заради сето тоа имаат и пониска цена од возилата кои се произведуваат во Франција.
Не знам колко си информиран но цените 2005 за 1.4(за него бевме заинтересирани поради акцизата од 1500 еур тоа време) се движеа во нагорна линија најевтин беше со три врати, после него беше со 5 врати и најскап беше седанот. Разликата помеѓу 5 врати и седан беше многу мала и затоа многу се одлучуваа за седан.

А во врска со цената на работната рака, и најскапа работна рака ако ја оставиш без контрола ќе имаш производ со лош квалитет или од типот направи сам. Затоа што работник си е работник, секој сака да земе плата без да работи ништо и затоа постојат тие казни и бонуси, за да се мотивира работникот.
« Последно менување: 14 Јули 2016, 14:14:22 pm karajann »

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3467
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1406 на: 14 Јули 2016, 13:50:31 pm »
Шо не кажа порано бе другар? Сега иде на оглас мојот неквалитетен седан арно се појави очи ми отвори, си ме спасил.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2610
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1407 на: 14 Јули 2016, 14:13:13 pm »
Шо не кажа порано бе другар? Сега иде на оглас мојот неквалитетен седан арно се појави очи ми отвори, си ме спасил.
Инаку ќе си го возеше до милион, без да знаеш дека бил неквалитетен ;D

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1408 на: 14 Јули 2016, 15:08:07 pm »
Не знам кој спомна дека моделот е неквалитетен. Јас реков дека седанот има послаб квалитет од хечбекот, ама тоа не значи дека сакам да кажам оти седанот не чини и дека е неквалитетен. Има разлика во тоа да еден модел на автомобил има верзии со различен квалитет на изработка, и во тоа колата да биде стварно лоша (пример Југовците од 90тите, Голф 3, Астра Ф итн.), за ова второво не е битна цената на работната рака. Ме интересира зошто ги извртуваш работите? Или работата е дека возите такви коли па не ви се допаѓа кога некој збори нешто негативно за нив, иако е вистина. Ама нормално е човек да си го брани своето возило и да не сака да слуша негативни мислења за него, макар биле и точни...

Инаку, да точно дека таму 2005-2006 негде, Меган седан беше малку поскап од хечбекот со 5 врати, 500 евра плус. Е ама седанот е многу поголем од хечбекот. Ако за малку повеќе пари добиваш многу поголема кола, тоа значи дека поголемата кола е со послаб квалитет - кола на метро (без разлика што и двете се иста класа). Ти претходно спомна Сеат: што мислиш, зошто Кордобата во тоа време беше 1000 евра поскапа од Ибицата, иако се возила за класа помали од Меган? Затоа што се со ист квалитет и двата модели ама Кордобата е доста поголема, па затоа беше и доста поскапа. 500 евра разлика меѓу хечбек и седан верзија на еден модел од Ц-сегментот и 1000 евра разлика меѓу исти такви верзии на еден модел од Б-сегментот кажува доста за разликите во квалитетот на тие верзии.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1409 на: 14 Јули 2016, 15:42:07 pm »
Razgovarano e milion pati na ovaa tema.Sedanite se proizveduvaat vo Turcija radi toa sto istocniot pazar poveke gi kupuvaat sedanite,a razlika vo kvalitet mozi da ima zavisi od pazarot no i ne mora da znqci,no dosega mnogu pati se dokazalo deka ima razlika.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D