Ме интересира зошто ги извртуваш работите? Или работата е дека возите такви коли па не ви се допаѓа кога некој збори нешто негативно за нив, иако е вистина. Ама нормално е човек да си го брани своето возило и да не сака да слуша негативни мислења за него, макар биле и точни...
Ниту се обидувам да ги извртувам работите, ниту го правам тоа. Иако за Меган е многу лесно да го направам, поради фактот што седанот имаше доста добра продажба на ново кај нас, а во последно време се увезоа доста хечбеци со баба километри кои поминаа низ Бугарија. Доста од оние кои земаа на ново ги возат само за некои свечености и одмори, па можам кај сакам да споредувам по години, кај сакам по километри.
Модусот и претходно спомнав е произведен во Шпанија, а Астрата во Германија па во твоите негативни мислења незнам што мое бранам. Колку што знам Шпанија и Германија не се земји со ефтина работна рака.
Од Модусот не бев задоволен додека беше нов од квалитетот, во тоа време и определен период после тоа на никој не му ја препорачав таа кола, а доста луге ме имаат прашано.
Ти цело време го сведуваш разговорот на дека се со послаб квалитет, без да посочиш факти и примери.