По телефон рекоа дека колата е супер, за мераклии. Отидовме со мајстор. Ја виде, ја стави на компјутер и вика може да ја пробате само ако се договориме прво за цена. 2-те крила фарбани, заден браник фарбан, мајсторот рече најверојатно замаецот е отиден, шофершајбна сменета. А инаку аудито внатре без ниедна грепка, како излезено од фабрика.
Гледав еднаш и голф 5 кај него пред 2 години. На голфот беше искривен знакот на воланот а овој викаше дека немала удар и не се отворило воздушното.
Незнам што да ти кажам. Мене некако не ми остави добар впечаток, а на прв поглед сите коли што ги има таму добро изгледаат.