Научив дека како купувач можиш се да проверуваш, пошто ТИ плаќаш, а не ТОЈ!
Ќе си побараш, ќе си пробаш, ќе си отвориш, ќе си понудиш цена и тоа е тоа...
не купуваш 125пз за 200 евра, па ако не те врни внатре да речиш дека брка работа...
Плаќаш солидна пара и си одбираш...
што вика Smichka , нека си ја чува... може ќе му се најде за туршија хахха...
Цел живот се возам со половни и прекупувам, препродавам...
Ако е некој прекупец , прво, не значи дека продава крш... Ми се случувало да најдам солидно количе за ефтина пара, ќе го земам, ќе го пишам на оглас нешто поскапо, 50-100 евра ќе му земиш ќар.
Ако се плашиш од фарбана и од возена кола - батали половна. На раце се бројат колите кои што воопшто не се шприцани, правени, возени...
Реално, кола стара 10 години пеглана само на крило, пар драсканици и 200 000 километри е топ комбинација...
За жал, повеќето луѓе се лажат со тоа дека била како стакло, дека има 95000 поминато...
Кој е тој будала на плац што ќе остави 350 000 километража... нормално, 150 000 пиши и терај...
Е сеа, се изгорел некој... ЕПА НЕКОЈ МОРА ДА СЕ ИЗГОРИ, од што ќе живеат инаку тие мајстор-закрпи типците....
Ти нема којзнае што да вадиш од незе... одма се познава згнетена кола... уште по текстурата на фарбата од пиштолот што ја прави... А и лупана кола одма ќе покажи нестабилност во возење... ако е изместена ќе чкрипат гуми, ќе треси... во спротивно можеш да се заебиш само со раскантана механика...