Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1169431 пати)

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #330 на: 06 Август 2013, 12:35:37 pm »
Благодарам на брзиот одговор.

А до следната регистрација само договорот е доволен за ако те запре полиција?

Импортерот наплаќа нешто за да провери по број на шасија?

Колку би наплатиле Аутомобиле СК за да ја проверат колата, некоја мала дијагностика и слично? За Пунто се работи.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #331 на: 06 Август 2013, 12:40:47 pm »
едно инфо и од мене,кога го купив полото имав заебанции,така да пред купување половно УВЕЗЕНО возило,обавезно проверка во МВР дали е внесено во систем,јас го земав од КУ,го возев на КУ таблици неколку дена во СК,ги вративме таблиците во КУ во полоција,па тргнав за СК да го регистрирам,жената на шалтер на технички ми вик, дечко колата не постои.........и тука беше кршење филм,па бркај врски во полиција КУ со началници ,да го заверат во систем возилото,па тек потоа за да можам да го регистрирам.
Чудна работа ми беше што возилото е увезено и регистрирано на наши,односно на кумановски таблички,а во систем го нема ???
Значи мој совет обавезно проверка!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #332 на: 06 Август 2013, 12:43:51 pm »
Алф, ако сакаш да излегуваш од Македонија, ќе мораш обавезно да го префрлиш на твое име, односно да го пре-регистрираш. За во Македонија, не би требало да имаш никаков проблем.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #333 на: 06 Август 2013, 12:47:51 pm »
Полека полека, грешите. Согласно правилниците на МВР колата мора да се префрли во рок од 15 дена по купопродажбата. Ова кај нас доста го толерираат меѓутоа може да излезат големи зафрканции во случај на сообраќајка и слично. Значи податокот дека можеш да возиш со договорот до следна регистрација е неточен.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #334 на: 06 Август 2013, 12:48:16 pm »
Оп, ете, не сум знаел. Се извинувам. :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #335 на: 06 Август 2013, 12:59:37 pm »
И мене ме копкаше па се јавив и прашав, добро е да се знае. :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #336 на: 06 Август 2013, 13:01:11 pm »
Полека полека, грешите. Согласно правилниците на МВР колата мора да се префрли во рок од 15 дена по купопродажбата. Ова кај нас доста го толерираат меѓутоа може да излезат големи зафрканции во случај на сообраќајка и слично. Значи податокот дека можеш да возиш со договорот до следна регистрација е неточен.

Ова значи дека во рок од 15 дена по купопродажба треба да ја пререгистрираш на свое име и да ги платиш сите трошоци за регистрација, технички, полиса итн итн, без оглед на тоа што во овој случај колата е регистрирана до 05-2014?

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #337 на: 06 Август 2013, 13:13:01 pm »
Да, значи дека колата треба да биде префрлена на твое име што ги повлекува трошоците кои ги наброја. За коли понови од (мислам беше) 7 години техничи преку една година се прави.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #338 на: 06 Август 2013, 13:17:44 pm »
OК, тоа го разјаснивме, уште некој да кажеше колку отприлика би наплатиле Аутомобиле СК за да ја погледнат колата?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #339 на: 06 Август 2013, 13:43:29 pm »
Значи ќе го збуните дечкото, јас го имам преживеано ова, вака иде постапката:

0. Го проверуваш возилото со податоците од сообраќајна, нзачи број на шасија, мотор, код на боја ..
1. Потоа на проверка дали е увезено во овластениот сервис во МКД, воедно ако сакаш си плаќаш и за проверка на техничката состојба на истото.
2. Се ценкаш со продавачот
2.5 Ако сакаш можеш да го провериш возилото во заложен регистар
3. Ако се договорите за цена одите кај нотар, ви изготвува купопродажан договор и се плаќа 600 ден за договорот (најдобро ако најдеш од некој бланко па сам да ги внесеш податоците) и по 400 ден од потпис (мислам дека беше)
4. После склучениот договор, најдобро се прави копија на договорот за секој случај.
5. Ако колата е од друг град, се уплаќа за таблички, во спортивно само за нова сообраќајна (која ќе биде на твое име) и плус некои други давачки за мануелен факинг трошок. Во овој случај колата да е од друг град пред да одиш во МВР мора табличките да бидат најпрвин одјавени и да ти даде екс. сопственикот ливче со кое се потврдува тоа од нивното МВР. Во моментот на издавање на новата сообраќајна не е потребно да се оди со колата.
6. Со новата сообраќајна се оди во осигурителната копанија чива е полисата на осигурувањето и се побарува да се издаде нова на твое име. Доколку има и зелен картон исто така, со тоа што овој пат се плаќа нешто ситно 200-300 ден.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #340 на: 06 Август 2013, 14:04:01 pm »
И сето тоа треба да се изведе во рок од 15 дена по купување на возилото :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #341 на: 06 Август 2013, 14:12:38 pm »
Интересна работа е ова за сторииче. Грациас! :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #342 на: 06 Август 2013, 14:18:14 pm »
Ќе прочепкам после да видам кои се тие правилници на кои би се повикал и за сторијата :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #343 на: 06 Август 2013, 14:33:02 pm »
carclub за сите, сите за carclub ;D

@Tome
рокот тече од потпишувањето на купопродажниот договор, меѓутоа ти како странка си отпочнал постапка, а ако надлежните служби не се ажурни (случајов МВР) не е твоја вина, меѓутоа претпоставувам роков е колку да те потсетат дека оваа декада треба колата да си ја префрлиш на твое име ;D

@Zero
најдобро е некој од правнициве да консултираш за заверка на потпис колку чини, башка договорот. Мислам дека на сајтот на МВР, можеби и на uslugi.gov.mk има за тоа на кои сметки и колку пари за што се плаќа.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #344 на: 06 Август 2013, 14:39:41 pm »
Грешно напишано од моја страна, апсолутно се согласувам дека не си виновен ако се влечат од институциите.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“