Значи ќе го збуните дечкото, јас го имам преживеано ова, вака иде постапката:
0. Го проверуваш возилото со податоците од сообраќајна, нзачи број на шасија, мотор, код на боја ..
1. Потоа на проверка дали е увезено во овластениот сервис во МКД, воедно ако сакаш си плаќаш и за проверка на техничката состојба на истото.
2. Се ценкаш со продавачот
2.5 Ако сакаш можеш да го провериш возилото во заложен регистар
3. Ако се договорите за цена одите кај нотар, ви изготвува купопродажан договор и се плаќа 600 ден за договорот (најдобро ако најдеш од некој бланко па сам да ги внесеш податоците) и по 400 ден од потпис (мислам дека беше)
4. После склучениот договор, најдобро се прави копија на договорот за секој случај.
5. Ако колата е од друг град, се уплаќа за таблички, во спортивно само за нова сообраќајна (која ќе биде на твое име) и плус некои други давачки за мануелен факинг трошок. Во овој случај колата да е од друг град пред да одиш во МВР мора табличките да бидат најпрвин одјавени и да ти даде екс. сопственикот ливче со кое се потврдува тоа од нивното МВР. Во моментот на издавање на новата сообраќајна не е потребно да се оди со колата.
6. Со новата сообраќајна се оди во осигурителната копанија чива е полисата на осигурувањето и се побарува да се издаде нова на твое име. Доколку има и зелен картон исто така, со тоа што овој пат се плаќа нешто ситно 200-300 ден.