Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1279374 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7604
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6075 на: 12 Март 2026, 10:39:40 am »
Америка нема ДДВ, затоа.

Инаку на секој увоз се плаќа ДДВ, разлика ако сам ја донесеш е што не плаќаш ДДВ на транспортот.

Инаку јас колку што знам, секое правно лице должно е да пресмета ДДВ при продажба, без разлика што е половно моторно возило. Ако истото е амортизирано, може и за 1 денар да го продаде ама и на тој 1 денар ќе пресмета ДДВ.
Е сеа кај е заебот за трговците правни лица на возила. Тој платил ДДВ при увоз. Тоа е влезно ДДВ. Ако колата ја платил 10.000, платил 1800е ДДВ.
Доаѓа ситуација да продава. Му вика, да ја пишеме колата на 3000. Излезно ДДВ му е 540евра. Сега тој побарува од државата ДДВ 1260евра а книжи капитална загуба за разликата.

Друга причина не знам, освен акп не е физичкп лице.

Јас на фирма имам купувано/продавано ПАТНИЧКИ возила од тука, никогаш не сум платил ни фактурирал ддв.

За товарни е друг муабет, но за патнички не.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 426
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #6076 на: 12 Март 2026, 13:45:27 pm »
Нема ДДВ при продажба на старо возило, освен во некој ретки случаи кој што не ве опфаќаат. Не ширете неточни информации по форуми, стварно ќе помислат луѓето дека има.

Доколку возилото е увезено во МК, ДДВ-то го платил увознико (било плацот, било лицето) и на тоа возило веќе не се плаќа ДДВ додека е во државава. Единствен начин да платите ДДВ е доколку сами си го увезете.

Не ме разбираш. Во продажната цена на колата од плац има вкалкулирано ДДВ од 18%. Плацот кога ја увезува плаќа 18 ДДВ, но ДДВ е индиректен данок, што значи се пренесува на крајниот потрошувач односно на купецот на кола од плац. Ти како купец дополнително нема да платиш ДДВ, затоа што ДДВ-то е веќе пресметано во цената на колата. Колку е поголема фактурната вредност на колата толку е поголем излезниот ДДВ, па оттука секој гледа да избегне дел да не оди на фактура. 

Ако купиш кола и на нејзе си платил 5.000 ЕУР ДДВ, тоа не е трошок на плацот иако првично го плаќа од причина што сметководствено го евидентира како побарување од државата. Кога ќе ја продаде колата со маржа, да речеме дека пресметковно ДДВ-то изнесува 5.500 ЕУР, тој е должен тие 500 евра да ги плати на државата. Оттука е и името Данок на додадена вредност.