Не бе не, не иде овака понатаму.
Не само Дачиа, туку треба да се стрела и тој што дизајнира коли од А сегмент, па и Б сегмент.
Па зарем не гледаат дека не се продаваат повеќе низ салоните во мк?
Поминаа времињата кога се купуваа Панда, Пиканто, и10, Твинго, Ајго...
Сега на ред дојдоа и моториге од 1.0 екобусти и слична компанија кои се рекламираат како замена на 1.6 атмо? Добро, малку ја претераа, од мое искуство повеќе би рекол пасува со 1.4 атмо.
Меѓутоа очигледно сето тоа, 1.4 атмо и 1.0 буст, треба да се уништи да не постои затоа што не можело кон Стража во трета да се убаци, а ако се вклучи клима треба некого да истовариш да бутка отпозади.
Се што е под 150 коњи да се забрани со декрет и нивните сопственици со ЈСП да се возат и конечно да се ослободат скопските булевари за аудињата да не ги превртуваат Киите кои се осмелиле да тргнат на зелен семафор.
Сик ен дистрој, јеееаах!