Мече зошто така размислуваш, без разлика кој колку заработува, не мора по дифолт да купува премиум кола, ете луѓето си зацртале некој буџет за (нова) кола, им одговара колата, раат
ќе бидат некои 5-6 години од аспект на одржување, им врши работа и (не дај боже) им прави кеф можеби.
Затоа Сандерото е најпродавано во ЕУ (една од причините покрај прифатлива цена), животот не е само кола, некој сака и на убав одмор да отиде, зимување, да скитне некој викенд, да вложи дома некој денар, да штеди некој денар за факултет на малите, едноставно си определуваат буџет за кола толку и толку (колку е чергата), битно е нова и знаат дека нема да имаат заебанции во нареден период (големи сервиси, кочници, течности, делови и сл).