Кај нас евентуален ризик е моментот од кога му префрлаш на некого пари на сметка во банка за купување на возило и со таа потврда одите кај нотар, во меѓувреме некој негов овластен да не ги извади парите од сметка а овој пред да влезете кај нотарот да ти каже дека се пишманил и не ја сака колата. Освен ако нема опција банката да ги држи средствата замрзнати (резервирани) и кога ќе го однесеш купопродажниот договор заверен од нотар, да ја реализираат трансакцијата.
Ако му се лежи затвор за измама слободно може да го направи тоа.
Кога се купува половна кола најдобро е со сообраќајна да се провери и дали е ставена под залог. Познавам случаи што им имаат утурено кола дадена под залог.
Па јас цело време тоа го зборам, кај нас буквално некој може да ти продаде заложена кола без никаков проблем. Ти после чуди се, тужи се итн.
Во случајот што го знам, човекот дозна дека е заложена колата после неколку месеци однсно коа дојдоа да ја земат

Типчето што ја заложило во меѓувреме отишол на привремена работа во Словенија и беше заебана ситуација. Се согласи да ги врати парите за ратите, за да се ослободи товарот и да не го тужат ама беше повуци потегни.
Се продаваат и недвижнини со маани, лоша инсталација, лош комшилук итн итн. Само што купецот го јаде малце покасно коа ќе дознае што купил. Може сите овие ситуации да се стават у договор и да се тужиш после.