Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1165663 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5655 на: 11 Април 2025, 11:30:38 am »
Кај нас евентуален ризик е моментот од кога му префрлаш на некого пари на сметка во банка за купување на возило и со таа потврда одите кај нотар, во меѓувреме некој негов овластен да не ги извади парите од сметка а овој пред да влезете кај нотарот да ти каже дека се пишманил и не ја сака колата. Освен ако нема опција банката да ги држи средствата замрзнати (резервирани) и кога ќе го однесеш купопродажниот договор заверен од нотар, да ја реализираат трансакцијата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5656 на: 11 Април 2025, 11:33:14 am »
Гледав во Америка како се купува половна кола.

Ниту Нотари, нит адвокати, ниту МВР, нит Заложни регистри, нит Банки се инволвирани.

Одиш, ја гледаш колата, ти се допаѓа, даваш парите кеш или преку банкарска (двете варијанти се еднакво валидни без разлика на сумата), продавачот на колата има Сообраќајна , на задната страна има поле Колата од лице А со документи се префрла во сопственост на лице Б. Во случај колата да е заложена мора на сообраќајната да стои печат дека е заложена, и тоа купувачот одма може да го види. И тоа е тоа.

Кај нас 100 процедури и закони и на крај пак можеш да се заебеш.

П.с. Највеќе ми се допадна делот со Печат на Сообраќајната. Во случај колата да ја заложи некој за кредит, одма удираат печат на сообраќајната дека е под залог.

Извини вака, подолго време ти ги читам муабетиве за купување половно возило кај нас, па мора да те прашам - на кој начин можеш да се заебеш со купување половно возило во Македонија, а да не можеш во Америка? Половно возило е, заеб може да има во било која ситуација.

Купување половно возило во Македонија нема „100 процедури“, трае од половина час до максимум 1 час.

1. Одите во банка, му правиш уплата - 15-20 мин
* Нотари и адвокати има околу сите филијали, стратешки се поставени таму
2. (опционално за коли над 10000 евра) Одиш на адвокат ти спрема купопродажен, 15-20 мин
3. Одиш на нотар, ти го заверува купопродажниот - 15-20 мин

Со здравје да си ја возиш.

Целата поента на форсирање на купување на автомобил преку банкарска сметка е да се намали колку-толку перењето на пари. Знаеш што ќе се случува ако дозволиме да се купуваат коли вредни десетици илјади евра во кеш?

Дали возилото е под залог ти проверува нотарот затоа што во секој купопродажен договор стои член дека купувачот гарантира дека возилото не е под залог.

Јас продадов 2 возила во 1 ден, во 8 часот сабајле излегов во 12 се вратив со 2те возила продадени и парите на сметка, и две кафиња испиени со двајцата од новите газди. Така да воопшто не е комплициран процесот на купопродажба во Мк.

ПС Во Америка исто така можеш да купиш полуавтоматско оружје без никаква дозвола. Не знам дали е држава на која што би требало да се огледаме за регулации. :)

Па ете сам објасни,

Одиш во Банка,  па на Нотар, па кај Адвокат, па пак кај Нотар, па во МВР.

И не е точно дека Нотар проверува дали колата е заложена. Има некој што проверуваат но повеќето не проверуваат, мораш сам да си провериш!

Немаш 2 пати одење на нотар. Банка, адвокат, нотар и МВР, што го имаш во сите технички прегледи низ Скопје.

Буквално околу АМСМ во Центар имаш сѐ што ти треба. Банки, нотари, адвокати. Пола саат работа е.

Ти треба да си купиш нова кола, не е половно за тебе. :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1724
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5657 на: 11 Април 2025, 11:34:30 am »
Кај нас евентуален ризик е моментот од кога му префрлаш на некого пари на сметка во банка за купување на возило и со таа потврда одите кај нотар, во меѓувреме некој негов овластен да не ги извади парите од сметка а овој пред да влезете кај нотарот да ти каже дека се пишманил и не ја сака колата. Освен ако нема опција банката да ги држи средствата замрзнати (резервирани) и кога ќе го однесеш купопродажниот договор заверен од нотар, да ја реализираат трансакцијата.

Ќе појдете заедно во банка на денот на купувањето.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2166
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5658 на: 11 Април 2025, 11:36:40 am »
Кај нас евентуален ризик е моментот од кога му префрлаш на некого пари на сметка во банка за купување на возило и со таа потврда одите кај нотар, во меѓувреме некој негов овластен да не ги извади парите од сметка а овој пред да влезете кај нотарот да ти каже дека се пишманил и не ја сака колата. Освен ако нема опција банката да ги држи средствата замрзнати (резервирани) и кога ќе го однесеш купопродажниот договор заверен од нотар, да ја реализираат трансакцијата.

Ако му се лежи затвор за измама слободно може да го направи тоа.

Кога се купува половна кола најдобро е со сообраќајна да се провери и дали е ставена под залог. Познавам случаи што им имаат утурено кола дадена под залог.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5659 на: 11 Април 2025, 11:49:08 am »

Па јас цело време тоа го зборам, кај нас буквално некој може да ти продаде заложена кола без никаков проблем. Ти после чуди се, тужи се итн.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2166
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5660 на: 11 Април 2025, 11:59:10 am »

Во случајот што го знам, човекот дозна дека е заложена колата после неколку месеци однсно коа дојдоа да ја земат :D Типчето што ја заложило во меѓувреме отишол на привремена работа во Словенија и беше заебана ситуација. Се согласи да ги врати парите за ратите, за да се ослободи товарот и да не го тужат ама беше повуци потегни.

Се продаваат и недвижнини со маани, лоша инсталација, лош комшилук итн итн. Само што купецот го јаде малце покасно коа ќе дознае што купил.  Може сите овие ситуации да се стават у договор и да се тужиш после.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5661 на: 11 Април 2025, 11:59:53 am »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2166
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5662 на: 11 Април 2025, 12:03:31 pm »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.

Реално така е. 1000 пати е подобро нов Камик отколку увезена А4ка. Ама ај млада демократија сме, ќе сфати кад тад народов. Плус сеа со смешни пари можеш да уплатиш ново возило ако можеш да си дозволиш да ги сервисираш ратите.

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5663 на: 11 Април 2025, 12:48:01 pm »
Кај нас евентуален ризик е моментот од кога му префрлаш на некого пари на сметка во банка за купување на возило и со таа потврда одите кај нотар, во меѓувреме некој негов овластен да не ги извади парите од сметка а овој пред да влезете кај нотарот да ти каже дека се пишманил и не ја сака колата. Освен ако нема опција банката да ги држи средствата замрзнати (резервирани) и кога ќе го однесеш купопродажниот договор заверен од нотар, да ја реализираат трансакцијата.

Ако му се лежи затвор за измама слободно може да го направи тоа.

Кога се купува половна кола најдобро е со сообраќајна да се провери и дали е ставена под залог. Познавам случаи што им имаат утурено кола дадена под залог.

Па јас цело време тоа го зборам, кај нас буквално некој може да ти продаде заложена кола без никаков проблем. Ти после чуди се, тужи се итн.

Во случајот што го знам, човекот дозна дека е заложена колата после неколку месеци однсно коа дојдоа да ја земат :D Типчето што ја заложило во меѓувреме отишол на привремена работа во Словенија и беше заебана ситуација. Се согласи да ги врати парите за ратите, за да се ослободи товарот и да не го тужат ама беше повуци потегни.

Се продаваат и недвижнини со маани, лоша инсталација, лош комшилук итн итн. Само што купецот го јаде малце покасно коа ќе дознае што купил.  Може сите овие ситуации да се стават у договор и да се тужиш после.

А зошто НОТАРОТ не сноси одговорност ? На купопродажен договор стои дека Продавачот тврди дека предметот што е на продажба на е предмет на никаков залог. Како Нотар верификува договор за кои не проверил дали сите точки се исполнети и купувачот е заштитен?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5664 на: 11 Април 2025, 12:52:22 pm »
На погтешно место прашуваш за одговорност на нотарот.Тоа или во шталата со 120те телиња или во некоја друга штала се поставува.
Тука можиме да си разменуваме мислење дали да земиш нова запрежна кола и половна лаѓа. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5665 на: 11 Април 2025, 12:53:39 pm »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.

Реално така е. 1000 пати е подобро нов Камик отколку увезена А4ка. Ама ај млада демократија сме, ќе сфати кад тад народов. Плус сеа со смешни пари можеш да уплатиш ново возило ако можеш да си дозволиш да ги сервисираш ратите.
Мислиш на износот за учество? Некако не е смешна цената на нови возила последниот период.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен HugoG

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5666 на: 11 Април 2025, 12:54:00 pm »
Нотарот е обрзан на еден куп работи за да потпише договор , ама не е обврзан да провери и ГАРАНТИРА дека Предметот на продажба не е заложен.

Смешно.
« Последно менување: 11 Април 2025, 13:07:22 pm HugoG »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5667 на: 11 Април 2025, 13:13:57 pm »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.

Реално така е. 1000 пати е подобро нов Камик отколку увезена А4ка. Ама ај млада демократија сме, ќе сфати кад тад народов. Плус сеа со смешни пари можеш да уплатиш ново возило ако можеш да си дозволиш да ги сервисираш ратите.
Мислиш на износот за учество? Некако не е смешна цената на нови возила последниот период.
Па и со овие камати рачунај само колку камата ќе треба да платиш.
Па уште да отплаќаш кола 5-6-7год...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5668 на: 11 Април 2025, 13:23:42 pm »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.

Реално така е. 1000 пати е подобро нов Камик отколку увезена А4ка. Ама ај млада демократија сме, ќе сфати кад тад народов. Плус сеа со смешни пари можеш да уплатиш ново возило ако можеш да си дозволиш да ги сервисираш ратите.
,@Bravo

Браво!

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2166
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5669 на: 11 Април 2025, 13:45:32 pm »
Друже да ти продадам нова кола, незаложена, без адвокат, без нотар, поедноставна е процедурата отколку во Америка.

Реално така е. 1000 пати е подобро нов Камик отколку увезена А4ка. Ама ај млада демократија сме, ќе сфати кад тад народов. Плус сеа со смешни пари можеш да уплатиш ново возило ако можеш да си дозволиш да ги сервисираш ратите.
Мислиш на износот за учество? Некако не е смешна цената на нови возила последниот период.

Не е воопшто страшна сумата. Страшно е што народ нејќе поевтина нова кола, туку сака да се куропеца у премиум. Дегутантно ми е да го праам муабетоов више. Те праат луд коа викаш дека ново е најдобро макар Дачиа Логан или која и да е најевтина сега.