Гледав во Америка како се купува половна кола.
Ниту Нотари, нит адвокати, ниту МВР, нит Заложни регистри, нит Банки се инволвирани.
Одиш, ја гледаш колата, ти се допаѓа, даваш парите кеш или преку банкарска (двете варијанти се еднакво валидни без разлика на сумата), продавачот на колата има Сообраќајна , на задната страна има поле Колата од лице А со документи се префрла во сопственост на лице Б. Во случај колата да е заложена мора на сообраќајната да стои печат дека е заложена, и тоа купувачот одма може да го види. И тоа е тоа.
Кај нас 100 процедури и закони и на крај пак можеш да се заебеш.
П.с. Највеќе ми се допадна делот со Печат на Сообраќајната. Во случај колата да ја заложи некој за кредит, одма удираат печат на сообраќајната дека е под залог.
Извини вака, подолго време ти ги читам муабетиве за купување половно возило кај нас, па мора да те прашам - на кој начин можеш да се заебеш со купување половно возило во Македонија, а да не можеш во Америка? Половно возило е, заеб може да има во било која ситуација.
Купување половно возило во Македонија нема „100 процедури“, трае од половина час до максимум 1 час.
1. Одите во банка, му правиш уплата - 15-20 мин
* Нотари и адвокати има околу сите филијали, стратешки се поставени таму
2. (опционално за коли над 10000 евра) Одиш на адвокат ти спрема купопродажен, 15-20 мин
3. Одиш на нотар, ти го заверува купопродажниот - 15-20 мин
Со здравје да си ја возиш.
Целата поента на форсирање на купување на автомобил преку банкарска сметка е да се намали колку-толку перењето на пари. Знаеш што ќе се случува ако дозволиме да се купуваат коли вредни десетици илјади евра во кеш?
Дали возилото е под залог ти проверува нотарот затоа што во секој купопродажен договор стои член дека купувачот гарантира дека возилото не е под залог.
Јас продадов 2 возила во 1 ден, во 8 часот сабајле излегов во 12 се вратив со 2те возила продадени и парите на сметка, и две кафиња испиени со двајцата од новите газди. Така да воопшто не е комплициран процесот на купопродажба во Мк.
ПС Во Америка исто така можеш да купиш полуавтоматско оружје без никаква дозвола. Не знам дали е држава на која што би требало да се огледаме за регулации.
