Можно е за следна кола да земам од Германија со посредство на близок кој живее и работи таму. Гледам по тамошните огласи има доста избор на коли со 100.000 - 200.000 км реални (ваљда). И она што приметив интересно е тоа што како и да местиш филтер, без разлика на годиште, број на врати, каросерија, итн...многу повеќе има бензин коли во понуда (скоро дупло). Што би одбрале вие, од искуство со одредени модели/мотори, стриктно бензин кола, старост 10-15 год, значи околу 2009/10 - 2014/15? Во предвид доаѓаат коли од Ц сегмент, значи Голф 6, Астра Ј, Фокус mk2.5/mk3, Браво, Меган, итн... Јапонските знам дека се препорачуваат за бензин варијанта, ама изборот е помал. Не дека ги нема, се наоѓа по некоја Мазда 3ка, Аурис, ама доста помалце такви огласи има. Немам предрасуди во смисла дека не може да биде и караван или мпв. Најмногу би зависело од генералната состојба на конкретното возило. Да рачунам отприлика дека 2000-2200 еур би фатило царина и давачки? Напомена, колата би се донела до овде со возење. Потребите се за 4 члено семејство со две мали деца. Годишна километража 5-6000 km макс.