Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 993522 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3677
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5115 на: 23 Февруари 2024, 23:59:19 pm »
Фиат 2.2 ќе бараш, немој ѓавол да те излаже 2.3 да земеш тешко срање е
Од цитроенот исто 2.2
И двата модели вртат над 800.000км , пријател од битола го продаде со 1.200.000 и сеуште се вози низ ресен...
Јас Џамперот со 300.000 негде и ене го кај рампа е паркирано нешто арч пишува на него дечките што го купија работат со дрво.
Новото дукато на 10.000 каиш скина на 50000 турбина рикна, на 100.000 дпф капут
Уље шмка како наркоман!

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5116 на: 24 Февруари 2024, 08:40:28 am »
2.8 JTD со 94 киловати во Дукато/Боксер/Џумпер е моториште. Едно лето возев со еден пријател за превоз на столарија, овошје и сличен товар и беше ракета. И празно и полно.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5117 на: 24 Февруари 2024, 14:08:21 pm »
Такво возев една година.2.8џтд 140-тина кс,во најмалата изведба од Дукато.
Носивост 1.4т,товарено 2.5т,клима пуштена,на угорнина(Битола од Веро према Брусничка) со 3та брзина без гас си оди неќе да застане.
Само беше многу жедно.
Ѓавато,Буково,побрз од колите.😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5118 на: 29 Февруари 2024, 12:55:13 pm »
Вреди ли (за локал претежно, повремено Скопје - Куманово) да се земе Сеат Ибица 1997 со 1,9 тди 66кв (90 кс), регистрирана и направен голем сервис, колата е на познаник, ја продава на татко ми за 1000 евра? Мана излупен лак.

Прашувам во однос на одржување и слично, најголема пречка е што татко ми не сака дизел, од друга страна ми изгледа како ок цена за вложено-добиено.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5119 на: 29 Февруари 2024, 12:55:57 pm »
Вреди.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5120 на: 29 Февруари 2024, 13:04:17 pm »
за кршење по наши улици ќе тера. Земи ја, за 4/5 месеца на мене ќе ми ја шитнеш.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5121 на: 29 Февруари 2024, 16:30:35 pm »
Вреди ли (за локал претежно, повремено Скопје - Куманово) да се земе Сеат Ибица 1997 со 1,9 тди 66кв (90 кс), регистрирана и направен голем сервис, колата е на познаник, ја продава на татко ми за 1000 евра? Мана излупен лак.

Прашувам во однос на одржување и слично, најголема пречка е што татко ми не сака дизел, од друга страна ми изгледа како ок цена за вложено-добиено.
Колата се распаѓа, ако не ти треба лепота и екран, и радио, и прозори и централна и слично колата е добра. Се на нејзе се распаѓа освен моторот и мењачот. Така да она вози без проблем, и мења. Ќе и ставиш ново топче за мењач и готово. Ама биди спремен дека ништо друго нема да работи на колата. Се што работи во моментот ти е гратис. Искрено ништо од тоа што има не ти ни треба, светлата не се расипуваат. Од битни работи што зезаат се централната брава и подизачите за прозори ако се електрични. Ако тие две работи функционираат колата технички се смета дека е како нова и можеш да ја земеш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8848
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5122 на: 01 Март 2024, 10:29:11 am »
Ako ne ja zemash pisi mi da ja zemam za tatko mi

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5123 на: 01 Март 2024, 14:22:31 pm »
Сега за викенд ако се договори со човекот ќе се прегледа колата, да се крене на дигалка да се види патосот каков е, да се проба, па ќе се донесе одлука, фала за советите, Марче ќе ти пишам што како, ако завршат работа за викендот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5124 на: 11 Март 2024, 21:27:57 pm »
Предлог за некоја почетничка кола (за девојче) до 77kw, мада јас би рекол до 60тина или помалку, да не е многу долга, но да може и на отворено да се подвозува. До 2500€, како за прва кола ограничен е буџетот.
Разгледуваше шевролет спарк со кожа внатре и ја бендиса. Е сега како се покажани не знам. Разгледувавме и астра х бензинец, мнооогу потромава од мојата, ама некако и беше големка а и фалат уште 1000€, а јас лично за прва кола не би дал толку пари.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
  • The best or nothing.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5125 на: 11 Март 2024, 21:53:55 pm »
Спарк е спартанска кола, но ќе те пренесе од точка А до точка Б. Евтини сервиси и делови.
Предлози : рено твинго/клио со 1.2/1.4 мотор, опел корса ц со 1.2, цитроен ц3/пежо 206.

Од екстра компактни, би рекол киа пиканто. Одлична кола.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5126 на: 11 Март 2024, 22:08:46 pm »
Не напоменав - бегаме од корса б и ц. И бараме нешто со 4/5 врати и да не е кабрио.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5127 на: 11 Март 2024, 22:10:13 pm »
Ако го бендисала Спаркот, земајте. Топ со е количето, ги растурија од возење.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1671
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5128 на: 11 Март 2024, 22:10:41 pm »
сузуки алто

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2274
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5129 на: 12 Март 2024, 09:31:05 am »
Гледав нешто Гранде Пунто (2006-2009) и Хонда Џез (2004-2008) по огласи во Швицарска, се наоѓа за 1200-1700 евра, е сега оди па донеси го и прашање е колку ќе искочи на крај. Само за транспорт бараат 700 евра. Сакам да кажам блиску се цените со колите што се продаваат тука, дали воопшто се исплати таква гимнастика.
Претпоставката е мајката на сите заебувања