Се двоумам за нешто.
Во овие 20години возам само еден бренд, Мазда. Задоволен од се, атмосферц доверлив. Е сега се мислам дали да ја дадам еднава Мазда т.е 2ката од пред скоро и да земам Голф 6, ми се изрази желба за европска кола особено Фолксваген. Дизел како дизел си носи свои предности и недостатоци, заебанции со дпф, замаец, турбина и друго ако ти се погоди тешкото. Од таа причина гледам бензинец, ама од таа генерација асолен бензинец како што разбрав речиси и да нема, проблем со ланецот на ТСИ мотор. 1.4 16 вентилскиот атмосферец е како најдоверлив меѓутоа е млитав, слабичок. Од овие причини и да нејќи и да сака човек мора да гледа дизел, а дизел не ми се прај ќеф ради скапиве потрошни материјали. Ми треба мислење за Голфов и со Маздава за планов што ми се мотка низ глава.