@jovce. На твое место јас би идел на 1,2 бензин-плин, стандард верзија со 8 вентили и 60 кс, или па ако сакаш малку повеќе сила тогаш со 16 вентили и 80 кс. Ова второто е во фамилија и можам да ти кажам дека има разлика а потрошувачката на гориво е практично иста.
Фиатовите мотори 1,2 Fire немаат смрт, под услов да е одржувано како што треба, навремени сервиси со квалитетно масло. Еве кај нас е од 2016 мислам и немало поголеми проблеми, ама колата беше земена од CH CH

со сервисна книшка и со 140k км а сега е веќе на 200к км. Во моторот идат 3 л масло, заедно со филтер за масло, во овластен сервис на Фиат чини 2000 ден.
Многу поефтино одржување него 1,9 ЈТД.
Пошто имам искуство и со 1,3 мјет со 75 кс, ова мислам дека би било идеално решение, дизел со одржување по цена на бензинец. И да дадеш за оваа кола плус 300-400 е, пак ќе ти се исплати.