Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1336907 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4350 на: 02 Јуни 2022, 14:46:37 pm »
Низ Полска,Германија има доста шо влечкаат коли од Уса...Околу 1000$ мислам е од кола транспортот и претежно ги земаат удрени или дефеткни па ги средуваат.

Како е волку евтино транспорт на кола? Кола не фаќа пола контејнер? Контејнер не кошташе 10000 да се испорача?

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4351 на: 02 Јуни 2022, 15:19:54 pm »
Низ Полска,Германија има доста шо влечкаат коли од Уса...Околу 1000$ мислам е од кола транспортот и претежно ги земаат удрени или дефеткни па ги средуваат.

Како е волку евтино транспорт на кола? Кола не фаќа пола контејнер? Контејнер не кошташе 10000 да се испорача?

https://cfrrinkens.com/international-car-shipping/car-shipping-to-europe/

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4352 на: 02 Јуни 2022, 16:08:18 pm »
Со вакви цени на транспорт може и се исплати од Америка кола да се купи наместо од Европа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4353 на: 02 Јуни 2022, 16:31:41 pm »
Само американските коли не исполнуваат европски стандарди и треба да се праат модификации. Не кај сите, секако, ама кај повеќето...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15126
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4354 на: 02 Јуни 2022, 19:10:31 pm »
Незначи дека во контејнер ќе ја пикнат па гледаш цена како за контејнер.Има бродови што носат само коли (како тој сега пред некое време шо се запали),па тој од Германија за Уса носи нови возила,а за назад најверојатно,нешто нови Амерички возила за европски пазар,нешто половни.Незнам,претпоставувам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен audiofil

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4355 на: 21 Јуни 2022, 15:21:09 pm »
Одличен канал каде што има многу информации за сите половни возила како и квалитетот на моторите што се вградуваат:
https://www.youtube.com/c/MirkoRasic

Отсутен jovce.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4356 на: 28 Јуни 2022, 21:45:43 pm »
Здраво

Ме интересира мислење во врска со Фиат Пунто 2  2000/2003. Од работа до дома ќе патувам вкупно 60км отворен пат од кој да не речам пола пат е удолница и на одење и на враќање. Ме интересира која опција е подобра: 1.2 бензин плин или 1.9 јтд. Иако моментално имам кола е39 дизел и пред се прво би истестирал дали би се исплаќало со неа па доколку не би зел нешто помало како втора кола, за низ град и до работа.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4357 на: 28 Јуни 2022, 21:50:43 pm »
Само да бидеме начисто, ако имаш удолница сигурно ќе имаш и угорница :D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4358 на: 28 Јуни 2022, 21:51:53 pm »
Имаш кола и ќе ти лежи дома само да плаќаш регистрација и сервиси да правеш?
Вози бре шо имаш,нема ништо да заштедиш од втора кола,само џебо ќе биде попразен.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4359 на: 28 Јуни 2022, 22:01:29 pm »
Добро, ако веќе решил да земе втора кола за кршење за на работа...

Со таа дневна километража, и ако претпоставиме дека ќе правиш сервис на 10.000 км, тоа се 2 сервиса годишно.
При речиси исти цени на бензин и дизел, ќе дојде до израз само нешто пониската потрошувачка на дизел, но сервисирањето е поскапо. Дизелот поубаво ќе влече по угорница, но ако е поентата што поевтино да се минуваат тие километри, тогаш дефинитивно плин.

Но најбитно е да земеш што посочувана кола, во спротивно се ќе ти излезе низ нос :)

Отсутен jovce.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4360 на: 28 Јуни 2022, 23:51:01 pm »
Па искрено и јас на тоа помислив дека повеќе трошоци ќе имам поради дупли сервис и регистрација и изгубени 1300/400е +++ за да се купи колата, исто така можеби би ми дошло колата да ја користам 1/2 пати неделно (зависи колку колеги ќе бидиме во истата смена) но сепак колата ќе се користи и за дома за возач почетник. За низ град и нормално кога ќе ми дојде редот да треба кола да земам јас. Затоа се помислив на Пунто само не знам дали 1.2 бензин-плин или дизел. Некој ми викаат бензинот само ќе троши а нема да оди додека дизелот бил подобар, некој обратно .


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6294
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4361 на: 28 Јуни 2022, 23:56:41 pm »
Плинот ти е 50се, дизелот 110,башка дефеците со дизелот се сите до еден солени, само две дизни да репарираш кошта повеќе него цел мотор половен за пунтото. Е Ссеа нема да оди wow ,ама ќе ти збрка работа не ти требаат 150коња за до работа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4362 на: 29 Јуни 2022, 08:42:43 am »
@jovce. На твое место јас би идел на 1,2 бензин-плин, стандард верзија со 8 вентили и 60 кс, или па ако сакаш малку повеќе сила тогаш со 16 вентили и 80 кс. Ова второто е во фамилија и можам да ти кажам дека има разлика а потрошувачката на гориво е практично иста.
Фиатовите мотори 1,2 Fire немаат смрт, под услов да е одржувано како што треба, навремени сервиси со квалитетно масло. Еве кај нас е од 2016 мислам и немало поголеми проблеми, ама колата беше земена од CH CH  :) со сервисна книшка и со 140k км а сега е веќе на 200к км. Во моторот идат 3 л масло, заедно со филтер за масло, во овластен сервис на Фиат чини 2000 ден.
Многу поефтино одржување него 1,9 ЈТД.

Пошто имам искуство и со 1,3 мјет со 75 кс, ова мислам дека би било идеално решение, дизел со одржување по цена на бензинец. И да дадеш за оваа кола плус 300-400 е, пак ќе ти се исплати.
Своерачен потпис ;)

Отсутен jovce.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4363 на: 29 Јуни 2022, 23:10:04 pm »
Ви благодарам за одвоеното време и тоа што споделивте искуство


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #4364 на: 03 Јули 2022, 10:58:48 am »
Која е разликата помеѓу daewoo matiz, chevrolet matiz, chevrolet spark?
Има неколку шевролет матиз, со 60/70.000 км, и мислам дека е идеално возило за низ град. Уште да прашам во плимонт дали трпи плин.
Никогаш не вели никогаш.