На половна кола со таков буџет последно што треба да гледаш е каква опрема има. Пасатот викаш имал 87 и кусур илјади тоа мене малце ми боде очи дали е навистина толку малку. Ако е, ондак нема што да се мисли многу. Пасататот е ролс ројс за хонда сивик. Тука пред се зборам за комфор, возење на отворено едноставно пасатот е друга класа.
Епа и мене ме мислат тие муабети. Иако е од познаник, тој гледа да се ослободи. Како и да е, одлучив да причекам уште малку ако испадне некоја добра прилика со тој буџет. Горна граница ми е 6000. Пасатот е лом внатре, го видов, премногу изабен како колине на крш такси компании низ Скопје.
Тапацирот на седиштата е лом, пожолтен, на земја се е избледено, ај што не ми личи на 87.000, него ни во приказната не верувам дека ете така со години си стоел паркиран
Инаку сум доста стиснат за буџет зошто планот е за година-две Ленд Крузер нов
Сега гледам нешто квалитетно, по најниска можна цена, па здравје и добра цена да му извадам после две години.
Фала ви на сите за мислењата погоре