Здраво на сите!
Имам прилика да купам Passat, 1.6 TDI, 2010 105hp караван, со некое пониско ниво на опрема за околу 6000 ЕУР со поминати 87.000 км од познаник. Купен е нов во Австрија.
Првото прашање е дали вреди? Колата генерално би ја возел на отворено многу често, по нагорнини и слично. Па затоа и ми е думата - не сум имал никакво искуство ниту со германски коли ниту со дизелаши.
Од 1995 возам Акорд 2.0 иЕС бензинец и маста му е извадена, ама веќе од Х причини си го пензионирав. Попуштаат лајсни и останати ситници кои веќе не би се замарал да ги средувам.
Пасатот би го продал понатаму, би го користел макс 2 години исклучиво на отворено.
Вреди ли?
Секое мислење е добредојдено и секој совет ќе ми значи многу
