Здраво на сите.
Ми треба совет околу купување половен автомобил. Сум намерачил БМВ 2017 5ка серија, само не знам кој мотор да го земам.
Во игра се 520 xDrive, 530 xDrive и 530ка (без xDrive). ГИ најдов сите, цената им е тука некаде од 40-45к со поминати околу 80к километри. Возам највеќе низ МК, 7-8 пати годишно надвор од државава значи околу 15 000 км годишно. Идам на скијање 2-3 пати во сезона, возам Маврово, Охрид, Берово, Шапка па ме интересира дали вреди xDrive-ot пред се, и дали да идам со 520 или 530 со оглед на тоа што 520ка е 2.0 190кс, 530ка е 3.0 265кс? Не сум некој агресивен возач али ја пробав 3.0 xDrive и ептен мерак ми напраи моторот, неверојатна сила има и чат пат знам да натиснам гас на отворено чисто да си напраам мерак.
2.0 не пробав па ми е страв да не не е доволно моќна за мој мерак. Секој совет е добредојден, највеќе за квалитетот и издржливоста на двата мотори (секако дека би земал 2.0 ако е покажан како поиздржлив)