Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1166870 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3885 на: 18 Април 2021, 00:16:09 am »
Браво, ја секоја пролет менја јавучици/спони такви работи од дупки, од снегој од такви работи. П.с што возеше предходно?
На југото ставав репарирани рамења (по препорака) и секој технички морав да менувам. Во една прилика во еден сервис ме убедија да ставам нерепарирани, не се сеќавам што марка (на буква Ф почнуваше), мислам 5 години не мрднаа, со нив го продадов.

На Типото менував вилушка (некоја Турска) издржа само една година, втора ставив кај Илија (дупло поскапа) не пипнав повеќе подвозје.

Меганот за 120.000км 2 пати менував чинам лева спона, еднаш десна и некој стабилизатор, викаа нежна била предницата.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3886 на: 18 Април 2021, 00:22:09 am »
Друго мо беше мислата. Дека ќе земиш од странство со наводни 170к, ќе се отепаш од поправање и пак ќе биде дефект.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3887 на: 18 Април 2021, 00:36:22 am »
@Mikius феби? И јас од ко и сменив споните со феби се ратисав. Летвата е мењав ради што не еменив манжетни на време

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3888 на: 19 Април 2021, 08:46:58 am »
Јас шо да мислам на 460К. :D
Секој со своите есапи. Знам луѓе кои секојдневно може да се занимаваат со ситни проблеми доаѓаат со голема километража, лагери, спони, кочници, амортизери држачи за мотор, ламели дмф-ови итн. И најчесто, секогаш колата им е у топ состојба. Ама бара премногу време (и пари). Кој може и ужива во такво имање кола, нема гајле. Јас не сум таков.

Југото 55 кога го купив којзнае колку имаше поминато, километражникот не работеше.
Си купив нова инструмент табла од една продавница у мавровка, од оние со миљи што беа, јебачки изгледаше :)
Ме чешаа 80 марки во џебот и му шибнав Дура Лубе, поминав околу 130.000 за 8 години.
Грам не трошеше уље, либерлауфот сеуште си беше закачен у филтерот за воздух наместо да се влече под мотор :)

Ти си имал среќа, добар ремонт напраил претходниот газда ;D
Имаат измислено кола што мојш да е возиш 2 години по патиштава и да не чепниш подвозје ? ( кола, не теренец/тенк   xD )

Па во глобала ако пазиш малце сите коли :) Јас на минатата кола над 300ккм и поминав ниеден дел не сменив од подвозјето, ниту еден. Леонот има 140ккм и апсолутно ништо не е сменето и секако нема потреба да се менува ништо, камен си е :D
Јас на Голф 5-ката која ја зедов 2011 со 70к км, за 7 години (на 160к км) од подвозје сменив само 1 стабилизатор и тоа највеќе заради тоа што Припор тогаш беше раскопан од десна страна (можеби 2-3 години) а поминував таму најмалку 3 пати дневно. До сега сум немал чувство дека сум возел постегната кола од Голфот.
Сеникот е друга приказна, тоа што вели @Mikius дека Меганот/Сеник 2 имаат понежна предница е најверојатно точно, до сега сменив спони, стабилизатори и една вилушка, а еве го пак нешто се слуша. Најсмрт дел од Скопје ми е надвожњакот Автокоманда (Од Пивара накај Бриколаж до раскрсница Хилтон) и кога одам од Огнен Прица накај Рамсторе, делот под подвожњакот е ужас, а на овие место поминувам доста често. Не ги спомнувам прекопите скоро на секоја улица и шахтите кои се +- 5 см од асфалтот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 52
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3889 на: 28 Април 2021, 20:23:41 pm »
Дали е проблем ако Ако има една кола 4 договори за купопродажба дали прават проблем во полиција

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3890 на: 28 Април 2021, 21:31:32 pm »
Некој спомна дека до три договори не правеле проблем, после тоа знаеле да направат проблем.
Јас мислам дека зависи од полицаецот, знае да се погоди некој терсене крај да неможеш да му фатиш, а знае и да се разбрани некогаш. Најубаво да си прашаш на шалтерот МВР и ако ти рече дека нема проблем кај истиот џандар да си смениш и сообраќајна.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3891 на: 28 Април 2021, 21:37:02 pm »
Изгледа не сум во гек со работите, во тек на една регистрација 4 купопродажни договори?
Ако не, како е регистрирана колата низ годините?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3892 на: 28 Април 2021, 22:09:56 pm »
Колата сменила 4 сопственици во одреден период (небитно дали месец дена или неколку години) но никој не ја сменил сообраќајната, последниот четвртиот за да ја регистрира ја дава сообраќајната и сите договори 1 со 2, 2 со 3 итн... за да му издадат сообраќајна на име на последниот сопственик, е тука џандарот може да не прими повеќе од 3 договори и да неможеш да смениш сообраќајна на твое име.


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3893 на: 28 Април 2021, 22:24:46 pm »
Заклучок:

Ако има една кола 4 договори за купопродажба - не ја купувај.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3894 на: 28 Април 2021, 22:27:09 pm »
А како може да се регистрира колата без да се смени сообраќајната?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3895 на: 28 Април 2021, 22:30:06 pm »
А како може да се регистрира колата без да се смени сообраќајната?

Види прилог 1.


Прилог 1
Заклучок:
Ако има една кола 4 договори за купопродажба - не ја купувај.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3896 на: 29 Април 2021, 00:36:47 am »
А како може да се регистрира колата без да се смени сообраќајната?
Тоа е вистинското прашање, како би можел да регистрираш кола со сообраќајна на туѓо име?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3897 на: 29 Април 2021, 01:02:41 am »
А како може да се регистрира колата без да се смени сообраќајната?
Тоа е вистинското прашање, како би можел да регистрираш кола со сообраќајна на туѓо име?

Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3898 на: 29 Април 2021, 07:18:29 am »
Чим има договори значи не е регистрирана, си ја поддаваат само, договор над договор.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3899 на: 29 Април 2021, 07:21:39 am »
Не ја регистрираат. Веќе си е регистрирана.

Пример - јас сум првиот продавач, само што ја регистрирав. Ја продавам, регистрација има уште 12 месеци. Вториот ја продава за месец дена. Третиот ја продава за две недели. Четвртиот ја купил за препродажба, сака да ја шитне одма.

Договор врз договор. Реално, ако е се во ред со податоците во договорите, никој не би требало да прави проблем и 6 да има. Едино, на службеникот може да му е мака да проверува 4 договори пред конечно да издаде нова сообраќајна.

И да, законски рок за промена на сопственик на возило (читај: нова сообраќајна) е 15 дена од денот на склучување на договорот.