Совет околу купување старо фамилијарно (караван) возило. Дојде време за нова/стара кола со голем багажен простор. Во моментов имам 207ца купена на ново со поминати 135000км, пред тоа Сузики Марути купено ново. Сега некако решен сум да купам за првпат кола на старо и тоа ми создава маки (како ќе се погоди и со какви проблеми ќе се соочам), гледав нови коли ама до 13к евра многу мал избор (kia ceed sw и ова над бузет)
По долго размислување одлучив да барам Пасат Караван (еден од поголемите гепеци над 600л. само Суперб поголем, исто така 5 колеги имаат пасат на работа и дали од многу гледање ми влезе во глава колава) е сеа за мотор сакам да идам со 2.0тди со b7 140ps ili B8 2.0 150ps. Пежото ќе си остане за низ град големава кола се планира како втора кола и кола за надвор од Скопје.
Секој совет е добредојден дали да се иде со Б7 или Б8, дали аутоматик или мануел, кој мотор е погоден, кои се чести проблеми (читав по нет дека аутоматик до 2012 имале доста проблеми) на што треба да внимав, колку би коштале сервиси, одржување и колку пари да имам спремно откако ќе ја купам колата за проблеми дека сепак стара кола, многу маки имам низ глава барам помош
Исто така може предлог за друг караван суперб, октавиа, гледам мондео многу се збори низ форумов иако за форд имам лошо мислење другар купи фокус нов во исто време со моето пежо 2008г. и си имаше доста проблеми. а стварно има ефтини по огласи
ви благодарам однапред за секој совет