Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1167464 пати)

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3555 на: 07 Јануари 2021, 21:50:42 pm »
Шкода, ебате. Врска нема тоа со уљето. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3556 на: 07 Јануари 2021, 21:54:44 pm »
Сузуки :)

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3557 на: 07 Јануари 2021, 21:59:56 pm »
Земи некое волво турбо бензин гробарски караван, мака нема да видиш трпи све и бери колку сакаш колички внатре, за лепша половина ќе инсталираш паркинг сензори  камера и решен проблемот со "голема ми е колата", :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 604
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3558 на: 07 Јануари 2021, 23:06:18 pm »
Сакав да одговорам во темата за дечкото што пишал за Golf 6 1.6Tdi со замаецот.


Малце дигресија за коли после 2008 отприлика (ова од муабети, од форумски постови, од YouTube анализи и совети).

VW/Seat/Skoda:
Нечинат бензинци (проблем со ланчиња и потрошувачка на масло) и дизели (освен 2.0TDI CR?) од 2006-2012, освен 1.6FSI што е уствари од Голф 4 и 1.9TDI 105 (овој сите го фалат)

Opel:
1.3CDTI - проблеми со ланче
1.7CDTI - проблеми со глава
2.0CDTI - имало некаков проблем со маслена пумпа нешто, не знам, важно и тој имал маана.
Бензинците
1.4 атмо бил ОК.
1.6 атмо бил ОК (само проблем со дихтунг на поклопец за вентили)
1.4/1.6/2.0 Турбо биле ОК.
Проблем со М32 мењачот (дали дизел дали бензин) гледај да е после 2012 година колата кога го ревидирале мењачот.

Ford:
1.6TDCI као бил добар, ама други викаат као Пежо бил моторот и како ќе ти се погодел (читај Пежо подолу).
Бензинците во глобала биле добри дали турбо дали атмо.

Како extra note: Кај поновиве имало доста проблеми особено поновите 1.5TDCi.Правеа ремонт на коли од 3-4 години стари. Смешале масло/вода.

Mazda:
Никако 2.0 и 2.2 дизел оти ако се наполнел DPF-от, вишокот дизел за регенерација се враќал во картер и го тенчи маслото и прави попара.
Mazda само бензин атмосферец (пред се - 2.0 со 150КС), никако 2.3 Turbo.

Nissan/Renault/Dacia:
Едни се крстат во 1.5DCi, други ги кудат. Па едни викаат тие што биле 85 коња чинеле, тие од 110 не чинеле (други па обратно).
Бензинците атмосферците биле добри. Турбаши освен кај Megan RS другите немаат ако не се кажам (освен овие сеа новиве TCe).

Peugeot/Citroen:
1.6 Hdi (Ford/Volvo/Mazda/Mini) било убаво да е 8V, да не бил 16V. Мада мислам кај поновиве сите се 16V? 2.0 Hdi поновиве не чинеле (она горе споменатото со DPF-от).
Бензиците наводно биле ОК, ама страдале од слаба електроника. THP не знам, не сум слушнал ни добро ни лошо.

Fiat/Alfa/Lancia:
1.4Т биле добри мотори, 1.6JTD као добар исто само нормално - бучен. 1.3JTDM и 2.0JTDM (пишав горе за ланчето и за тој проблемот наводен кај 2.0CDTI).
Проблеми и кај овие со М32 мењачот.

Mercedes A/B/C:
Кај А и Б класа било заебано да се работат, мал моторен простор, за се требало да се спушта моторот (мада има фабрички некаков систем што го спуштале моторот 8cm ако ми е добро запаметено). CDI биле добри, бензниците исто биле добри.

BMW:
Никако купување четири цилиндри мотор од 2008 до 2012, т.е сите со N ознака дали бензинец дали дизел (N43/N47). Само шестак. Кај шестак дизел слушав и таму триста муабети за скапи проблеми кај турбината, некоја електроника. Башка скап NOx сензор, скапа бензинска пумпа.

Volvo:
Сите биле добри освен ете горе муабетот за 1.6HDi. Само кај нас ретко кај да најдеш од поновите друго освен 1.6Hdi. 2.0 D3/D4 се веќе поскапи коли.

Kia/Hyndai:
1.6CRDI бил добар мотор, ама јас лично што влегов во 3-4 Kia со 1.6CRDI, тој факин кумплугот фаќа на 0.05mm од подот. Како On/Off копче е. Не може кај сите нешто да било сјебано.
Башка не знам дали мене ми се чинеше ама кај 1500 обртаи се слуша некое језиво стружење од моторот. Кај сите коли.

Бензиците биле добри наводно. Не знам некој да кажам нешто лошо за тие мотори (дали 1.2/1.4/1.6).


На крај се се сведува човек да купи Toyota/Honda.

Honda:
2.2 дизелот знам дека имаат проблем со издувната грана - им пука (што не е којзнае каков дефект) иначе биле добри мотори.
1.8 i-VTEC бил екстремно добар мотор, само што ако ја правиш на плин мора со капалка заради тенките вентили, што по себе не е проблем на колата.

Toyota:
Oсвен неколку лоши зборови за 2.2D, за другиве викаат дека биле добри, особено 1.4D.
Бензинците кај нас ретко да најдеш, ама во глобала биле добри. Слушав некои муабети дека трошеле бензинците многу масло особено 2006-2012 година, ама не знам.


И на крај што да купи човек? ;D
Браво, ова доста ќе помогне за луѓе што бараат кола

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3559 на: 07 Јануари 2021, 23:13:19 pm »
Мислиш ќе помогне уште повеќе да си го искомплицираат животот.

Половно возило е мачка во вреќа и има многу, многу фактори кои влијаат. Може да го купиш најрасипливиот мотор на светот и да нема никакви проблеми. Може да го купиш најдокажаниот мотор на светот и да се убиеш од шетање по мајстори. Тоа е ризик што се презема со половна кола, особено кола излезена од гаранција.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3560 на: 08 Јануари 2021, 00:04:42 am »
Здраво дечки.
Форд Мондео 2016 година, препорака помеѓу 1.5 со 120кс или 1.6 со 115кс тдци мотор ?
Кој е подобар мотор, дали овие имаат некој веќе пријавени проблеми или слично ?
Некој совет што да се припази пред купување и тест возење на Мондеото ?

Одам во Сабота на тест возење на едно Мондео со 1.5 мотор затоа прашувам.
Знам дека 2.0 со 150кс е најдобра опција за таа кола, но во коментов ме интересира конкретно за послабите дизели.
Фала однапред.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3561 на: 08 Јануари 2021, 16:51:30 pm »
Сакав да одговорам во темата за дечкото што пишал за Golf 6 1.6Tdi со замаецот.


Малце дигресија за коли после 2008 отприлика (ова од муабети, од форумски постови, од YouTube анализи и совети).

Opel:
1.3CDTI - проблеми со ланче
Опел, а и Фиат (мотор на Фиат инаку) немале проблем со ланче, јас не знам некој да се пожалил. Проблем имаа менувачите со 6 брзини кај 1,3 мјет (цдти) со 90 кс, само не знам која година и тоа се среди
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3562 на: 08 Јануари 2021, 17:14:35 pm »
VW - да, не чинат бензинци, дизели сите чинат, само имаш одржуван, лошо одржуван и неодржуван.

OPEL - односно дизел Фиат, не сум слушнал за некој сериозен проблем. 2.0CDTI долната половина од моторот вклучувајќи ја и маслената пумпа се комбинира со од 1.9CDTI и се доаѓа до решение на проблемот.

FORD - вози Форд и биди горд, јас би купил Форд само со мотор на Форд, 1.6TDCI е  HDI, исто и 2.0TDCI од 2007 е HDI.

RENAULT... - 1.5dci е солиден мотор, ден денес се користи, едино дизни ако треба да се репарираат, скапи се, 86кс е со фиксен замаец затоа го величаат.

PSA - не знам шо да кажам, бензинците секогаш биле добри ако се возат на бензин не на плин, сум видел 1.4hdi како врти 500.000км, а и како пука на 150к, 1.6hdi само 90кс, јер ефтин сет за квачило.

MERC/BMW - половни ги заобиколувам, прекомплицирани се за работа, BMW не толку колку MERC.

KIA/HYUNDAI - кога би возел бензин/плин само тоа.

HONDA - тука сè чини, и се зависи од потребата, ако барате мека вожња не се за вас, тврди се.

TOYOTA - и тука нема простор за грешка, можеби кај 2.0D 90ks кај кој на сметка на економија знаат курбан дизните да отидат, и дизелите си трошат масло, повеќе и од VW.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3563 на: 08 Јануари 2021, 20:06:46 pm »
Opel 1.3 CDTi /JTDm викаат требало ланчето да се менува на 100000km. Некои напукале 500000. Да, сепак зависи од одржувањето (квалитетно и навремено менување масло што на половна кола...не можете да знаете).

Кај Toyota 1.4D викаат да се внимава на дизни до 2012 година оти биле пиезо електрични и нема репарирање.

Пред 2008 не биле пиезо и после 2012 не биле.

1.6Hdi ако на ладна кола не работел моторот рамномерно, нечинеле дизните. Тоа прееска го видов на една c4 кај Автобанда 😏


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3564 на: 08 Јануари 2021, 20:09:54 pm »
Брат  земи е-туторијал спреми со хинтове и продавај го за 5е. :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3565 на: 08 Јануари 2021, 20:41:15 pm »
Брат  земи е-туторијал спреми со хинтове и продавај го за 5е. :)

Има еден дечко DCR на YouTube. Добар е. За многу коли има туторијали.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3566 на: 08 Јануари 2021, 22:08:56 pm »
Брат  земи е-туторијал спреми со хинтове и продавај го за 5е. :)

Има еден дечко DCR на YouTube. Добар е. За многу коли има туторијали.

Кај мене 1.5 tdci веќе 85.000км никаков проблем до сега, да се надоврзам на претходно напишаното.

Дај пушти линк од дечкото.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3567 на: 08 Јануари 2021, 22:14:43 pm »
КОга сме на темава, Цитроен отповикува некоја серија на 1,2 Pure tech ( бензинци со 3 клипа), на сопствениците им сугерирале да го намалат интервалот за голем сервис од 180 к на 100 ккм, плус уште некои работи
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6003
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3568 на: 08 Јануари 2021, 22:28:10 pm »
Секоја машина има маана,како и секој човек,да беше човекот совршен ќе направеше совршена машина.
Извор:Цацко 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #3569 на: 09 Јануари 2021, 02:45:48 am »
Цитат
И на крај што да купи човек
1.9 тди :)
Од форуми и сл: 2.0 тди не чини, штедено е на материјал, металургија, процеси на изработка и сл.
Од чаршиски моабети, 2.0 е ок но со 8 вентили, што имат смисла по мое од 2 причини: 8 вентилските се до 136 коњи, а 16 вентилските се до  170. Секако двата мотори до 300.000км работат како што е предвидено.
16 вентилските имаат послаба флава, за да има место за вентилите, мада не сум прочитал некому да пукнала или слично.
Доста фален и докажан мотор шестаккт на бенве, со 193 кс, иако и послабите се идржливи, но ради шро се со бош има перипетии околу бошот и малце полошо го согоруваат горивото односно повеќе трошат.