Сакав да одговорам во темата за дечкото што пишал за Golf 6 1.6Tdi со замаецот.
Малце дигресија за коли после 2008 отприлика (ова од муабети, од форумски постови, од YouTube анализи и совети).
VW/Seat/Skoda:
Нечинат бензинци (проблем со ланчиња и потрошувачка на масло) и дизели (освен 2.0TDI CR?) од 2006-2012, освен 1.6FSI што е уствари од Голф 4 и 1.9TDI 105 (овој сите го фалат)
Opel:1.3CDTI - проблеми со ланче
1.7CDTI - проблеми со глава
2.0CDTI - имало некаков проблем со маслена пумпа нешто, не знам, важно и тој имал маана.
Бензинците
1.4 атмо бил ОК.
1.6 атмо бил ОК (само проблем со дихтунг на поклопец за вентили)
1.4/1.6/2.0 Турбо биле ОК.
Проблем со М32 мењачот (дали дизел дали бензин) гледај да е после 2012 година колата кога го ревидирале мењачот.
Ford:1.6TDCI као бил добар, ама други викаат као Пежо бил моторот и како ќе ти се погодел (читај Пежо подолу).
Бензинците во глобала биле добри дали турбо дали атмо.
Како extra note: Кај поновиве имало доста проблеми особено поновите 1.5TDCi.Правеа ремонт на коли од 3-4 години стари. Смешале масло/вода.
Mazda:Никако 2.0 и 2.2 дизел оти ако се наполнел DPF-от, вишокот дизел за регенерација се враќал во картер и го тенчи маслото и прави попара.
Mazda само бензин атмосферец (пред се - 2.0 со 150КС), никако 2.3 Turbo.
Nissan/Renault/Dacia:Едни се крстат во 1.5DCi, други ги кудат. Па едни викаат тие што биле 85 коња чинеле, тие од 110 не чинеле (други па обратно).
Бензинците атмосферците биле добри. Турбаши освен кај Megan RS другите немаат ако не се кажам (освен овие сеа новиве TCe).
Peugeot/Citroen:1.6 Hdi (Ford/Volvo/Mazda/Mini) било убаво да е 8V, да не бил 16V. Мада мислам кај поновиве сите се 16V? 2.0 Hdi поновиве не чинеле (она горе споменатото со DPF-от).
Бензиците наводно биле ОК, ама страдале од слаба електроника. THP не знам, не сум слушнал ни добро ни лошо.
Fiat/Alfa/Lancia:
1.4Т биле добри мотори, 1.6JTD као добар исто само нормално - бучен. 1.3JTDM и 2.0JTDM (пишав горе за ланчето и за тој проблемот наводен кај 2.0CDTI).
Проблеми и кај овие со М32 мењачот.
Mercedes A/B/C:Кај А и Б класа било заебано да се работат, мал моторен простор, за се требало да се спушта моторот (мада има фабрички некаков систем што го спуштале моторот 8cm ако ми е добро запаметено). CDI биле добри, бензниците исто биле добри.
BMW:
Никако купување четири цилиндри мотор од 2008 до 2012, т.е сите со N ознака дали бензинец дали дизел (N43/N47). Само шестак. Кај шестак дизел слушав и таму триста муабети за скапи проблеми кај турбината, некоја електроника. Башка скап NOx сензор, скапа бензинска пумпа.
Volvo:
Сите биле добри освен ете горе муабетот за 1.6HDi. Само кај нас ретко кај да најдеш од поновите друго освен 1.6Hdi. 2.0 D3/D4 се веќе поскапи коли.
Kia/Hyndai:
1.6CRDI бил добар мотор, ама јас лично што влегов во 3-4 Kia со 1.6CRDI, тој факин кумплугот фаќа на 0.05mm од подот. Како On/Off копче е. Не може кај сите нешто да било сјебано.
Башка не знам дали мене ми се чинеше ама кај 1500 обртаи се слуша некое језиво стружење од моторот. Кај сите коли.
Бензиците биле добри наводно. Не знам некој да кажам нешто лошо за тие мотори (дали 1.2/1.4/1.6).
На крај се се сведува човек да купи Toyota/Honda.
Honda:2.2 дизелот знам дека имаат проблем со издувната грана - им пука (што не е којзнае каков дефект) иначе биле добри мотори.
1.8 i-VTEC бил екстремно добар мотор, само што ако ја правиш на плин мора со капалка заради тенките вентили, што по себе не е проблем на колата.
Toyota:Oсвен неколку лоши зборови за 2.2D, за другиве викаат дека биле добри, особено 1.4D.
Бензинците кај нас ретко да најдеш, ама во глобала биле добри. Слушав некои муабети дека трошеле бензинците многу масло особено 2006-2012 година, ама не знам.
И на крај што да купи човек?
