Имам понуда за Пежо 3008, од 2017 год, 1.6 HDI мотор со 120кс.
Слично на ова
https://autowelt.mk/cars/peugeot-3008-1-6-bluehdi-120hp-active/Воопшто не сум запознаен и во тек со фракцуски коли, ама ова количе е просторно и супер ме собира внатре.
Колата е од увоз, но според број на шасија, има сервисна историја потврдена дека е валидна кај нашиов пежо сервис.
Ако ја земам, летово треба да правам прв голем сервис бидејки до сега само мали сервиси е правено и плочки предни сменето.
Некој совет што да припазам.
Моментално возам Фиат Стило 1.9 JTD, на хартија тежина на кола (двете околу 1300кг) и торк на мотор е скоро ист (300нм на 3008-цата vs 275 на стилово).
Периодов и наредниве години очекувам помалце да возам, околу 8000км годишно, и барем еднаш месечно на автопат, се плашам DPF-то да не ми прави проблем на оваа кола ?
Ако не биде ова, размислувам за ново возило нареднива година, како Фиат Типо или Киа Цеед, но понудата и перформансите на мотори и пластикиве на врата страшно ме иритираат.
Oва барем ме собира внатре без да ми е тесно
