Ништо од бизнисот со уградување на клима...и јас имам ксара и реално да уградиш е огромна операција а прашање е колку ќе работи и ќе држи фреон. Треба друг картер, треба пумпата за волан да ја преместиш, треба друга конзола за алтернаторот, итн. Дури и затегачите за пк каишот се потполно различни меѓу кола со клима или без.
Поарно најди друга со клима. Има ксари како што рече Мартин, доста добри и евтини, верувам ќе најдеш за евтини пари со автоматска клима, греачи на седишта, сензор за дожд, итн, итн. Барај некоја со exclusive ниво на опрема, ако најдеш некоја ваква не ти менува многу дали увезена или овде купена. Обично тие купени кај нас се со слаба опрема.