поодамна не сум купувал половно возило... гледам некој се фалат со мала километража и сервисни книшки...
Прашањето ми е ( а ќе ја прашам и нотарката) дали може во Купопродажниот Договор да се внесат Сервисните Книшки кој ги приложува Продавачот ?? Ако не Прифаќа продавачот да бидат наведени сервисните книшки во КупоПродажен Договор, НЕ МУ ГИ НИ ПРИМАМ, ниту му ги земам како доказ за километража ( а со тоа и цената му ја оспорувам)
Не е само работата во евентуална измама, туку јас ако во краток период, сакам да го продадам ИСТОТО возило, може новиот купувач да утврди дека се фалсификат сервисните книшки и да ме тужи, тоа е кривично дело, па да си имам јас проблем.
А веќе читав на српски форум, , купувачи се јавувале по МЕИЛ во Сервисите во Германија или каде и да е, да ја проверат вистинитоста на сервисната книшка.... а имаше во медиуми, законот за кривично гонење на враќање километража е донесен во ЕУ, наводно и нашите надлежни најавија дека ќе биде и тука ??