Дали може некој да ми посочи на што треба да се пази кај BMW 316i/318i/320i/316d/318d/320d кај серијата Е90? Кој од овие мотори е најиздржлив, докажан, препорачан? Што се потенцијални проблеми? Како да се откријат при проверка? 
Моторите се добри, издржливи се сите но си имаат детски болести. Тоа се се на се два мотори Н46Б20 и М47ТУ2Д20 и Н47Д20.
Потрошувачка на масло кај бензинците, затегач на ланец, сепараторот за масло/картерна вентилација, најразлични дихтунзи се стврднуваат и пропуштаат масло.
М47ТУ2Д20 ДПФ филтер, потрошувачка на масло, инјектори (може да стопи клип). Проверка на пеперутките на усисна грана.
Н47Д20 ланец + затегач на ланец. Сериозен проблем. Скапи Пиезо-инјектори, скап сепаратор за масло.