Иначе деновиве со едно другарче гледаме нешто Mercedes W211-ки.
_front_20090923.jpg)
Ако некој го интересира, избегавајте модел пред јули 2006 година (не дека не чинат ама има многу подобрувања после јули 2006).
Особено се мисли на SBC Sensotronic Brake Control. Mercedes отповика 680 000 единици на сервис да се промени SBC во 2004 година, а во 2005 1.3 милиони. Тоа значи дека има веројатност тој Мерцедес што би го земале да е среден SBC-то ама никогаш не се знае.
Што се однесува до мотори. Тргнавме по критериум на потрошувачка и одржување. Од сите муабети испаднаа два мотори во игра 220 CDI и 320CDI . НАВОДНО разликата во потрошувачка била 1 до 2 литра гориво (градска и отворено) и сите препорачуваат 320CDI, особено со увозвните коли, со оглед на фактот што можеби се враќани. 320CDI крепел 1 000 000 км пред ремонт. За разлика од него 220 CDI околу 600 000км. Ова се чаршиски муабети. Не можам да тврдам.
Според spritmonitor.de потрошувачката 1-2л плус е речиси идентична како што кажуваа. Пример за 320CDI, максимална стои мислам околу 10,5 литра што е топ.Од друга страна прочитав еден во Србија, што живее во Белград и напиша дека во најголема гужва во Белград знае од 10.5 до 13 да испие градска.
Најинтересен беше моментот за 270CDI. Мотор според кој мене до сеа се покажал како издржлив. Никој се нема пожалено од тој мотор. Но ете наводно Мерцедес не биле задоволни па го заменале со 280 CDI кој е V6. Други, па викаат демек заради дизајн на школката морало да се направат измени и да биде V6. Значи 270CDI остана мистерија.
Интересно беше и со мењачите. Прв пат читам дека сите го препорачуваат и автоматикот како варијанта. Наводно многу добар автоматски мењач имаат во Мерцедесите речиси bulletproof. Немало никакви посериозни проблеми и никој се немал пожалено.
Остана мистерија и задната суспензија на караванот. Наводно сите каравани биле опремени со "airmatic" назад односно, со автоматско нивелирање при претовар. Потоа видов дека истиот систем го има во BMW уште во E39.
Е сеа имало разлика од airmatic и оваа суспензија ама не сфатив во што и наводно ова не била таа скапа верзија.
Ако има некој повеќе инфо. Бујрум.