http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1552886Ова пежо 206 е во Драчево. Кога го гледав, 1200 евра го продаваше, сега го накачил. Во глобала е крш колата, сите врати заглавуваат кога ги отвораш, има доста испукано од бојата/китот, моторот чудно работеше, некако како да лупаше метал на метал. Внатре седиштата поприлично во лоша состојба, тапацирите на вратите некоја со нитна затегната, некоја испукана.
Наводно имало нова ламела, ама менувачот крчел во брзините, во трета брзина кога го ставаш крчел, ама ако го наместиш малце подесно шалталот е немало да закрчи. И на ова му се отидени сите амортизери, целото плива.
Го земал демек од некој човек што му дужел пари, ама и со 1500 евра неможел да си го врати долгот.
Од друга страна крајно дрско однесување од тој што го продава. Му се јавувам по телефон и го прашувам нормално колата состојба, мотор, торзија ова она и на тоа само ми врака, ако сакаш дојди гледај го, устава пена ми фати, неам нерви и со тебе да се расправам.
Ај отидовме и таму братму малолетен седеше во двор и тој ни даде клуч да ја видиме и запалиме колата, и вика абе братми е болен, неможе да испадне, па потоа тој некако се накани да излезе и така. Во глобала не го бива барем според мене.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1615011Исто пежо. Го продава прекупец од Кавадарци. Го земал пред повеке од 1 месец од Скопје. Се наканивме некако да идеме до Кавадарци, мада сомнително беше што кога го видов дека се продава, 1400 евра цена, нареден ден 1100 падната.
Идеме и колата каросериски е во прилично очајна состојба. Испукана боја, кит по цела каросерија, горе кровот избледена бојата и некаде позади на кровот, дупка од паднат кит голема околу 4 цм и длабока 3 мм. Праговите од внатрешна страна скапани и напред позади предните тркала.
Греачите мислам дека не му работеа, ама моторот запали одма. Работеше во глобала ок, со одредено зуење од страната кај ребрастиот каиш.
Имаше и луфта во воланот, уште пред да идеме ни кажа тој дека наводно луфта во спона имало.
Торзијата во глобала беше здрава, прави тркала и прилично е кренато. Амортизерите му се во глобала ок, не плива колку претходново пежо. Седиштата здрави, освен возачкото кое имаше одредени оштетувања. Електриката на предни прозори работеше. Задната врата не се затвораше воопшто, скршено е тоа железото кое се треба да се затвори.
Не е во добра состојба, особено каросериски. Требаше да го послушам Козаностра кога ми кажа дека 99% се работи за прекупец, затоа што на местото каде што се чекавме, таму ми кажа Козаностра дека имало прекупец, али ајде да се увери таткоми дека овие пежовци со волку ниска цена нешто не штима.
И двете пежоа немаа радио, им беа извадени.
Иначе барав сега на реклама5 едно саксо 1.5Д од пинтија што го гледавме, ама го нема на оглас.
Каросериски беше ок, мада во темница го гледавме, али внатрешноста беше здрава, но имаше механички проблеми, луфта во летва (без серво иначе беше), имаше течено под бошот нафта и накривено задно десно тркало, од 1100 евра на 900 го даваше.