Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1164880 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5745 на: 14 Април 2025, 21:17:21 pm »
@Bravo

Dacia? Нова? Покрај издркано А6 со 300.000?

Луд си.
Во право си,да купиш нова Дачиа стварно треба да си луд или да си го мразиш животот.
Освен во државни фирми и приватници кои не си ги почитуваат вработените,нормалните фирми купуваат подобри коли за своите вработени.
Приватник како шо рековме само при здрав разум не би зел.😂

Види, јас на пример никогаш не сум размислувал да купам Дачиа. Не сум ни бил во салон колку што се сеќавам. Но Дачиа Сандеро примарно за низ град? Или за сопруга да носи деца по англиски базени родендени? Око не би ми трепнало.

А и Дастерот нов факмански е направен и не изгледа ко Дачиа Соленца, остај тие муабети.

Јас немам предрасуди и на слики ми се допаѓаше новиот дастер и отидов до салонот на дачија. После седнувањето во него набрзинка избегав само од салонот. Пластиката внатре е катастрофална споредено со киа и хјундаи а разликата во цена е едвај 5-6 илјади евра. Не се исплаќа.
Од искуство со 11 Sandero Stepway возени како такси, воопшто нема да си раат. Од откажување на водна пумпа на 40000км(немаа на залиха, новата стигна после еден месец), преку алтернатори, мењачи па и мотори малку покасно. Сега имаат околу 150-200000км и ретко која немала поголеми проблеми. Ова е за во Малта. Пред некој месец земав моја кола, Toyota Corolla за отприлика иста цена како нова Дачија. Не ми ни текна да разгледам Дачија.
Ако нешто вреди на Дачиа тоа е токму моторот.

Туку, дај кажи за кој мотор станува збор за луѓе да знаат кое Рено да избегнуваат.
0.9 или 1.0 тб, не сум сигурен. Во исто време има и четири Renault Captur, кај нив е мислам 1.5, тие се подобри.
Заклучок:
0.9 или 1.0 тб да се избегнуваат во било кој модел Рено или Нисан.
Заклучок, ново си е ново не важи секогаш.
Полека се изврте муабетот да не е проблемот со дефектите во Дачиа, туку во новото, односно боље половно од ново :D
Не се врти ништо. Нова Дачија не е подобар избор од стара Тојота во случајов. Не збориме за старо Ауди со 300000км, туку стара Тојота со 90000км и две години стара, во мојот случај. Не важи секогаш тоа ново си е ново
Како не.
Почна со дефектите на моторите на Дачиа (Дачиа не ја бива).
Кога те прашав кои мотори, неодредено ми одговори 0.9/1.0, но со акцент дека моторите 1.5 кај Каптурот биле ок.
Кога посочив да се избегнуваат оние мотори  ;) од Дачиа што се вградуваат во моделите на Рено и Нисан, ја сврте прикаската од (Дачиа не ја бива) во не важи секогаш ново си е ново (а тука влегуваат и Клио, и Каптур, и Меган, и Нисани, итн, со 0.9 и 1.0)
Муабетот почна од тоа како ново си е ново, да не го мислиш, па се збореше дека Дачија е топ избор за цената. Зошто Дачија може да биде нова кола, кажувам пример кај што не важи тоа. Го дадов мојот пример и зошто сум се одлучил за старо. Не се фаќам строго за Дачија и Тојота, ама според мене е подобро половна кола од докажан бренд, отколку најевтина нова. Не мора да се согласиме, дај боже да купиш нова каква што сакаш, јас би купил нова, ама не најевтина, само колку да е нова.
Околу моторите, знам дека се 0.9 или 1.0 тб, ама коли од фирма па толку сум се заинтересирал кој конкретно. Кога дојде да гледам за мене, нормално дека разгледав се и за мојата знам точно што е.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5746 на: 14 Април 2025, 21:25:40 pm »
Новото сандеро почнува од 18к, за тие пари се зима пар години стара Корола што е уште под гаранција, нема превртено километражник и е класа над сандерото. Ич да не навлегувам во сите можни опции и работи повеќе што ги нуди. Како уопште би помислил дека дачијата е подобра опција? Особено ако земеш во предвид дека гаранцијата на половината Тојота ќе трае откако ќе истече онаа на дачијата

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5747 на: 14 Април 2025, 21:48:24 pm »
Не е важно што се зима за парите. Ново се купува за да си раат. Како и да знаеш што се случувало со таа кола од 0км.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5748 на: 15 Април 2025, 06:03:14 am »
Не е важно што се зима за парите. Ново се купува за да си раат. Како и да знаеш што се случувало со таа кола од 0км.
Ете пример кај што не си раат со ново. Нова Дачија. Боље избор е половна кола од докажан бренд, уште под гаранција, со сервисна историја, отколку ново по секоја цена

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5749 на: 15 Април 2025, 07:57:09 am »
Ништо од нова Дачија ко така, само со еден мотор идат, тој 0.9.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5750 на: 15 Април 2025, 08:31:14 am »
Тоа со Королата е да колку толку коректен избор, но тоа е реткост и само некој среќник може да налета на таква прилика.

После неколку половни се имав заречено само нова кола и додека ги посетував салоните ми се укажа прилика за 3 години стар Меган со нешто над 30.000км. Го пробав и се изненадив од дизелот, дотогаш не ни помислував дизел.
На прв поглед се си беше солидно, да не кажам ко ново, меѓутоа набрзо делови од предница, исправање бандаж, па фалело пластика позади фарот, и уште некои детали што низ годините испливуваат на површина, па наредна година веќе и голем сервис а само што влегов во колата што се вели.

Колку и да била згодна зделката, за разликата од  6.000 евра што ги "заштедив" во рок од една година ми се скрши филмот.

Што се однесува до 0.9 моторот на Рено, непријатен е за возење, но прилично доверлив.
Некој си пример со некој си таксист некаде, не значи дека исклучокот станува правило.
Спротивно, имам колешка што вози Сандеро со кое патува доста по странство и ми се чини дека веќе се приближува до 100.000 и никаков проблем со моторот.
Сепак е мотор развиен од Рено, не е на дачијаплачија :)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5751 на: 15 Април 2025, 08:46:41 am »

* Некои си таксисти, 11коли се. Ама ок, нема потреба да се разубедувам, само споделив искуство

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5752 на: 15 Април 2025, 08:51:34 am »
Добро де Мартин, и јас споделив искуство.

Дачиа каросериски е дно, ама да се плука по моторот на Рено кој е вграден во илјадници разни модели на Рено, Нисан, па и Дачиа...врз база на таксистИ 11 (единаесет) и да се генерализира...

Згора кажав дека Королата половна е прилично оправдан избор споредено со нова Дачиа.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5753 на: 15 Април 2025, 08:54:58 am »
Тоа со Королата е да колку толку коректен избор, но тоа е реткост и само некој среќник може да налета на таква прилика.

После неколку половни се имав заречено само нова кола и додека ги посетував салоните ми се укажа прилика за 3 години стар Меган со нешто над 30.000км. Го пробав и се изненадив од дизелот, дотогаш не ни помислував дизел.
На прв поглед се си беше солидно, да не кажам ко ново, меѓутоа набрзо делови од предница, исправање бандаж, па фалело пластика позади фарот, и уште некои детали што низ годините испливуваат на површина, па наредна година веќе и голем сервис а само што влегов во колата што се вели.

Колку и да била згодна зделката, за разликата од  6.000 евра што ги "заштедив" во рок од една година ми се скрши филмот.

Што се однесува до 0.9 моторот на Рено, непријатен е за возење, но прилично доверлив.
Некој си пример со некој си таксист некаде, не значи дека исклучокот станува правило.
Спротивно, имам колешка што вози Сандеро со кое патува доста по странство и ми се чини дека веќе се приближува до 100.000 и никаков проблем со моторот.
Сепак е мотор развиен од Рено, не е на дачијаплачија :)
* Некои си таксисти, 11коли се. Ама ок, нема потреба да се разубедувам, само споделив искуство

Друже, не разговараме за нова Дачиа. Разговараме за нова кола.

Нека е нова Тојота Корола. Ако е скапа, нека е Тојота Јарис.

Во контекст на муабетот, јас не би земал 2-3 години стара Корола за 17-18к еу, би земал нова за 21к еу. Нека биде со раткапни, ќе преживеам.

Нема ќар без зијан, не може да купиш поевтино, а да нема амортизација. Гуми, дискови, плочки, течности, акумулатор, се тоа ќе се смени. Минимум.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5754 на: 15 Април 2025, 09:04:27 am »
Дачија може да биде нова кола исто, значи ја опфаќа муабетот ново си е ново. Корола тука почнува од 33000, Јарис Крос од 29000. Јарис не доаѓа во обзир зошто со него не може да се работи. Нова Корола за 21000 е подобра од половна за 18000, ама кога би била толку мала разликата би било одлично.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5755 на: 15 Април 2025, 09:06:47 am »
Дачија може да биде нова кола исто, значи ја опфаќа муабетот ново си е ново. Корола тука почнува од 33000, Јарис Крос од 29000. Јарис не доаѓа во обзир зошто со него не може да се работи. Нова Корола за 21000 е подобра од половна за 18000, ама кога би била толку мала разликата би било одлично.

Корола е 20990 еу. Зборам за мк.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5756 на: 15 Април 2025, 09:13:08 am »
Баш новиве Дастер и Бигстер изгледаат прејако во живо, многу подобро од многу поскапи возила. Пишав и во друга тема не знам зошто кај нас цените им се едно 15-20% повисоки од во соседните држави. Пример во Србија убаво опремен Бигстер со ЛПГ мотор од 140кс е 26к, кај нас истото ќе биди 30к или повеќе и нормално нема смисла да се купи пред Киа, Хјундаи итн.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5757 на: 15 Април 2025, 09:18:41 am »
Дачија може да биде нова кола исто, значи ја опфаќа муабетот ново си е ново. Корола тука почнува од 33000, Јарис Крос од 29000. Јарис не доаѓа во обзир зошто со него не може да се работи. Нова Корола за 21000 е подобра од половна за 18000, ама кога би била толку мала разликата би било одлично.

Корола е 20990 еу. Зборам за мк.
Веројатно и половна би била поевтина во то јслучај

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5758 на: 15 Април 2025, 09:20:43 am »
Епа кај нас тој е муабетот. Што е поевтино. И после ќе пребаруваме по форуми и по реддит мислења за проблеми и како да се решат.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 463
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #5759 на: 15 Април 2025, 09:27:00 am »
Не се разбираме. Не секогаш важи тоа ново си е ново. Не мора по секоја цена да е ново. Според мене е така, не значи дека мора да се согласиме