Газдата на форумов ме извади од хебернација, to set the record straight.
IS250 owner here. Премиум таксата на овие коли до некаде постои ама мислам дека е малку извадена од пропорции или не се разгледува од повеќе аспекти. Конекретно во мојот случај: редовен сервис на колата ме кошта цирка 150 евра за 7 кила уље, филтри и работна рака во тојота. Веројатно би скубнал 500-1000 помалку во некој локален сервис. Комплет дискови е од 200 до кај 500 за солидни брендови што не се со сомнително потелко. Е сега, тука иде моментот на „ама на авенсис е поевтино“. Точно, ама авенсис има упола снага од лексусот, така да мислам дека ова треба да е логично. Идемо даље, комплет плочки 100-300 евра, амортизери 300-600 евра, перки на хладњак со се пластика 11900 (не прашувајте од каде ја знам точната цена), водна пумпа 100-300 евра, пумпа за гориво 100-200 евра, свеќици цирка 200 евра, маф сензор 100-200 евра. Морам да напоменам, цениве се од натаму наваму што сум гледал и прашувал, повеќето се од аутоцентар или солид.
Дека има некои моменти на поскапи сервиси и делови, да секако дека има, но дека се работи за кола што кошта 3 пати повеќе за одржување од некоја „не-премиум“ од истата класа, дефинитивно не.