Имам другари што имаат автосервис, специјализирани се за рено. Кога и да одам кај нив на кафе има по некој сценик на сервис, од проблеми со електроника, проблеми со сензори, откажана таа електронската контролна табла, проблеми со електронската рачна кочница. Наизглед сценикот е одлично фамилјарно возило, пространо, комфорно, голем багажник, три седишта назад, еден куп фиочиња и остави, но за жал шансите се големи дека повеќе ќе ти биде на сервис отколку што ќе го возиш. Ако веќе гледаш вакви возила подобро гледај туран, зафира или некој караван.