Странските авто куќи милион пати побрзо и подобро ќе ти одговорат за возилото отколку нашите, немаме култура ние Македонците. Јас брат ми кога ја купе ја колата, имаше документи од Словенија од незнам кој салон на Рено, дека таму било поправано нешто на неа ама не пишеше што конкретно... ги најдов на интернет, му пишав меил со број на шасија, број на мотор и регистрацијата словенска и ги прашав што конкретно било поправано, во рок од 2-3 сати добив детален одговор за тоа што му се десило на колата, на кој датум, на колку километри и шо и како било променето од нив.