Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1075234 пати)

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #990 на: 27 Јануари 2016, 20:15:50 pm »
Ве молам мислење за Хјундаи Санта Фе 2005 год. 2.0 crdi 125 hp.
Џипов е од Софија, лично на братучед ми, ми го дава за евтини пари. Има поминато 200.000 км. Се ок, одржуван е, претходно газда беше дедо му, значи колава е од свои луѓе. Е сега сите ми викаат иди земај го што чекаш, ама мене ми е многу страв од километражата што ја има а и од негово понатамошно одржување
Секој совет е добредојден.
Не е баш мала километражата, треба добро да си размилиш пред да ја земеш.


Отсутен Ducky

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 247
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #991 на: 27 Јануари 2016, 21:41:03 pm »
Знам дека не е малку. Една недела се мислам што да правам а не можам да одлучам затоа што не можам да соберам доволно информации.  Тука кај нас изгледа слабо се вози. И по интернет нема баш информации од луѓе со искуства со толкава помината километража. Слабо информации со било какви искуства.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14398
  • Пудингот на шоферството
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #992 на: 28 Јануари 2016, 19:49:51 pm »
Дали(ги памти во компјутер) и каде можат во Скопје да се проверат изминати км на Ауди А6 (Ц5)?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #993 на: 28 Јануари 2016, 20:31:41 pm »
Дали(ги памти во компјутер) и каде можат во Скопје да се проверат изминати км на Ауди А6 (Ц5)?
Најдобро провери си во овластен сервис

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14398
  • Пудингот на шоферството
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #994 на: 28 Јануари 2016, 20:42:42 pm »
Муабетот е дали вреди да се провери дали ги памти компјутерот оригиналните км или не ги памти.Пошо ако не ги памти кај и да го провериш тие исти к***ц...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #995 на: 28 Јануари 2016, 21:38:07 pm »
Муабетот е дали вреди да се провери дали ги памти компјутерот оригиналните км или не ги памти.Пошо ако не ги памти кај и да го провериш тие исти к***ц...
Мислам дека на повеќе локации во компјутерот може да се најдат оригиналните километри, но доколку при визуелното враќање на километражата се избришани и тие податоци тогаш не ги памти.

Инаку во овластен сервис ќе ти кажат кога последен пат е правен сервис на колата кај нив и колку километри имала тогаш. Па ако е од увоз ориентационо ќе знаеш колку има поминато...

Е сега незнам (а ме интересира) дали имаа увид кога е правен само поседен сервис или цела историја ја имаат? Бидејќи еве ќе купам кола со 450 000км, ќе ја однесам кај нас на редовен сервис со вратена километража на 150 000км. И ќе пишат последен сервис направен на 150 000 км.
Кога ќе отидеш да прашаш за километрите ќе ти речат дека последниот сервис кај нив е направен на 28.01.2016 на 150 000, или имаат евиденција дека предпоследниот е направен на 450 000км а последниот на 150 000км? :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14398
  • Пудингот на шоферството
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #996 на: 28 Јануари 2016, 22:51:00 pm »
А колку е во овластен дијагностика,за Ауди е Порше Македонија или може да се провери и на друго место во Скопје?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #997 на: 28 Јануари 2016, 23:03:55 pm »
А колку е во овластен дијагностика,за Ауди е Порше Македонија или може да се провери и на друго место во Скопје?
Абе не ти треба дијагностика ако ти е за километрите, ќе отидеш ќе им дадеш сообраќајната и ќе им кажеш да видат кога последен пат е правен сервис во овластен. Може и во Колевски( Пред Автокоманда), мене не ми земаа пари кога проверував...
Компјутерската дијагностика доста скапа беше, мислам 1600ден.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1902
  • Opel Astra 2.0 DI
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #998 на: 28 Јануари 2016, 23:07:53 pm »
Може да се се види за возила купени во мк или може и за увозни ?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #999 на: 28 Јануари 2016, 23:19:26 pm »
Може да се се види за возила купени во мк или може и за увозни ?
Нема врска од кај се.

Еве јас кога ја купив колава пред неколку години ја однесов во Колевски и видоа дека последниот сервис е направен во (незнам како се викаше) овластен сервис за VW во Холандија на тој датум(незнам кој беше) на 188 000км  ;D

Ти за Опелот може да си провериш во Аутомакедонија или кој и да е овластен, ќе ти кажат кога последен пат е сервисирано возилото во овластен сервис...

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1902
  • Opel Astra 2.0 DI
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1000 на: 28 Јануари 2016, 23:40:35 pm »
Oк фала ти ....

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6560
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1001 на: 29 Јануари 2016, 16:55:45 pm »
Е сега незнам (а ме интересира) дали имаа увид кога е правен само поседен сервис или цела историја ја имаат?
Во рено ја имаа цела историја (тоа што е внесено), барем за мене кога проверував, а и најверојатно сегде е така.

Отсутен Makedon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1002 на: 30 Јануари 2016, 12:58:14 pm »
За проверка на километража не треба дијагностика.Во овластен сервис ќе кажат кога и на колку Км е направен сервис на возилото.Меѓутоа не секаде ги даваат овие информации.
Лично јас бев да провериме една Хонда во сервисот на Макпетрол, не ни дадоа никакви информации.Требало дозвола од првиот газда, бидејќи дечково што ја продаваше Хондава  е втор газда ,не ја сервисирал кај нив, не бил регистриран како сопственик на возилото кај нив .

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1003 на: 30 Јануари 2016, 15:24:17 pm »
За проверка на километража не треба дијагностика.Во овластен сервис ќе кажат кога и на колку Км е направен сервис на возилото.Меѓутоа не секаде ги даваат овие информации.
Лично јас бев да провериме една Хонда во сервисот на Макпетрол, не ни дадоа никакви информации.Требало дозвола од првиот газда, бидејќи дечково што ја продаваше Хондава  е втор газда ,не ја сервисирал кај нив, не бил регистриран како сопственик на возилото кај нив .


 Дрн дрн мадиња. Јас мислам ако се плати за дијагностика на овластен сервис се треба да кажат. Што р битно кој е сопственик, сем ако има нршто матно па не сакаат да кажат. Ме интересира што ако при нивна проверка кажат дека е се во ред а одпосле се испостави дека колата има некој проблем. Дали правно може да се гони сервисот пошто нели даваат гаранција за услугите и деловите.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1004 на: 30 Јануари 2016, 16:46:24 pm »
хонда макпетрол функционира на плати па клати,па пак плати и на крај уште еднаш плати