Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1345037 пати)

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1035 на: 05 Февруари 2016, 09:02:05 am »
Пола од вас возат коли од Бугарија или пак возеле а сеуште се дискредитира тој пазар „крш од Бугарија“.
Јас знам многу кои имаат позитивно искуство од Бугарија. Како и таму така и тука секогаш имаш од кај да бираш и од кој увозник, само поважно е да се омаловажи отколку да се размисли што се пишува некогаш.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5234
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1036 на: 05 Февруари 2016, 09:14:49 am »
....

Нормално. И јас познавам сериозни луѓе кои се занимаваат со таа работа во Бугарија. Но, колите увезени од нив се релативно поскапи и со многу слични цени со германските.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1037 на: 05 Февруари 2016, 09:15:04 am »
Супер е Бугарија. Да не беа кршевите од Бугарија уште ќе возевте Голф 4 за 7000 евра. 1 од 100 коли во Дупница не се удрeни/фарбани. Со голем труд се наоѓа добра кола.
« Последно менување: 05 Февруари 2016, 09:21:37 am LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1038 на: 05 Февруари 2016, 09:18:43 am »
Јас на пример секогаш за мене и за потесен круг во семејството купувам коли од Бугарија лично, истражувам, шетам, гледам и пазарам од таму за разлика од овде каде што со сите давачки + сервиси + ако има и механички дефекти ги решавам и пак сум во профит минимум 1000еур.
А нашиот пазар овде во МКД е тежок фалш со потпросечни претприемачи кои уште не научија како се продава кола.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5234
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1039 на: 05 Февруари 2016, 09:21:53 am »
...

Тоа е една од позитивните страни на Бугарскиот пазар. Заради кршевите, добрите коли не држат цена, па се продаваат поевтино. :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1040 на: 05 Февруари 2016, 09:24:07 am »
Пак го употребуваш зборот „кршеви“, дефинирај ми што за тебе е „крш“ кола ?
Во Македонија добрите коли се преценетиот VW Golf 3,4,5 од 2004 кој чини 7000еур.

Па повеќе кршови од коли во Македонија каде што просечно годиште е 2000 година нема никаде во Европа!
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1041 на: 05 Февруари 2016, 09:27:13 am »
Golf 3 е добра кола? Беше пред 10 години. Сега е социјален случај.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1042 на: 05 Февруари 2016, 09:28:39 am »
Golf 3 е добра кола? Беше пред 10 години. Сега е социјален случај.

Сакам да кажам дека уште владее социјалистичкиот апропо Босанскиот пазар за коли дека VW е најдобра кола во свет. Всушност е само преценето возило.
Но темата на муабет е дека веќе сите по автоматизам колнат по Бугарскиот пазар, без разлика дали некогаш биле или возеле кола од Бугарија.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5234
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1043 на: 05 Февруари 2016, 09:32:29 am »
Пак го употребуваш зборот „кршеви“, дефинирај ми што за тебе е „крш“ кола ?

Па повеќе кршови од коли во Македонија каде што просечно годиште е 2000 година нема никаде во Европа!

Што ли е крш кола? Крш кола ти е што има издуван мотор, наполнет со 20-50 масло и адитиви, затнат со силикон на неколку места, вклучително и самата глава. Моторот тих и пее. Подвозјето е репарирано и поциганчено со најразлични материјали (вклучително битумен), амортизерите “репарирани“, километрите од 500+ илјади вратени на 130, воланот претапациран, гумичките на педалите заменети, седиштата исчистени, или претапацирани. Во случај на пореметување на електрониката, презалемени кабли, вадени/лепени сијалички/презалемени сијалички на шалт табла за да не светат.

Инаку од надвор, така добро светната и исполирана, очите да ти останат во неа.

Тоа е накратко што најчесто се продава на пазарите во Бугарија/Македонија. Јас не го колнам или навредувам пазарот во Бугарија. Јас само велам дека големи се шансите да нагазиш на проблематична кола, која ќе биде црна дупка за пари.  :)

едит. Пет години од животот ги поминав таму. Знам што зборувам.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1044 на: 05 Февруари 2016, 09:37:22 am »

Што значи дојдовме до заклучок дека пазарот во Македонија е на ова ниво, слично како и некои плацови во Бугарија.
Меѓутоа Бугарите се научија, не се како нашите лежи лебу да те јадам.

Во Бугарија има асоцијација на компании кои продаваат половни возила, не ги бранам туку научија дека ако на еден или двајца им продадеш продувана кола или вратена од 500к ќе те расчуе лош збор и никој нема да купи пак од неговиот плац кола. Дали од Македонија или Србија, па и во самата Бугарија.

Искрено, лицкана и дотерувана кола се приметува, а возена, сочувана и одржувана исто така се приметува.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5234
  • The Spartan General
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1045 на: 05 Февруари 2016, 09:40:01 am »
Што значи дојдовме до заклучок дека пазарот во Македонија е на ова ниво, слично како и Бугарија.
Меѓутоа Бугарите се научија, не се како нашите лежи лебу да те јадам.

Во Бугарија има асоцијација на компании кои продаваат половни возила, не ги бранам туку научија дека ако на еден или двајца им продадеш продувана кола или вратена од 500к ќе те расчуе лош збор и никој нема да купи пак од неговиот плац кола. Дали од Македонија или Србија, па и во самата Бугарија.

Искрено, лицкана и дотерувана кола се приметува, а возена, сочувана и одржувана исто така се приметува.

Нашиот увозен пазар е полош од Бугарскиот пазар за возила. Нашиот најчесто ги зема колите кои останале непродадени од бугарскиот пазар.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1046 на: 05 Февруари 2016, 09:40:51 am »
Да си ми жив и здрав :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1047 на: 05 Февруари 2016, 10:09:20 am »
Не се сложувам. Мислам дека се земаат најдобрите бугарски кршеви.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20890
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1048 на: 05 Февруари 2016, 10:52:22 am »
Јап, ете ги на продажба у Паланка, све се уникати.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Re: Совети пред купување половен автомобил !
« Одговори #1049 на: 05 Февруари 2016, 10:53:33 am »
Паланчани се познати по тоа да ги увезуваат најкварните коли, јер ефтини им се за набавка. Друг ќе му ја мисли после.