Откако сменив плочки на 159-ката, после кратко време почнаа да квичат кога кочам у „crawling“ мод. Живи бруки... стално така полека прикочуваш кога си меѓу многу народ, пред пешачки, покрај кафиќи.. жив срам ме изеде!

Башка нервози, толку фалење EBC, ете ги сеа пиштат ко дајц со излижани гуртни.
Па денес, убав ден, не многу топол, си седнав на раат, растурив кочниците да видам што чкрипи толку. И уште неизвадени плочите, веќе го воочив проблемот. Самата од плочка горниот дел, фаќа на надворешната ивица од дискот што се направила од претходните плочки (овие вториве пола милиметар повисоки).

Решено со шмиргла, симнат горниот дел од плочките таман да не фаќа на запчето:

При монтажа намачкани со маст од задната страна „освежени“ шепите со црвен пластидип и нови лепенчиња
Alfa Romeo 
Идеално решение е, кога се мењаат плочки, секогаш да се симнат ивиците на дисковите, на дребонг.
EBC-to BTW, кочат прописно.