Да и јас бев супер примен додека искеширам 17 000, после однесов уште 2ца другари кои купија и исто така супер не примија, ама кога дојде ред да се искористи гаранција за која си платил и ти удриле печат и ти рекле “не се секирај“, тогаш беше интересно. Па нервози, па јавување по институции, па донеси го ама ќе си платиш поправка.... Ко да јас сакав да ми се расипе работава.... Па го земам од таму и ми викаат ТОП е го пробавме! не го ни чепнале.... 2 пати ми го поправаа, веројатно не знаеа или од инат првиот пат само онака рекоа дека е готов, па ми го заебаа USB tethering.... А софтвер што ти мењале дојди јас ќе ти мењам секој ден тоа е 15 минути работа + немам никаква инвестиција

Првата авантура ми почна во Сет со компјутерот. Ганц нов компјутер, графичката гасеше во првата недела. Го однесов во сервис. Ми се јавија после неколку дена, дојди земи го графичката си работи дечко грешка си. Го земав, графичката е расипана. Го вратив пак неколку дена, пак земи го добар е не е расипан. Доаѓам дома расипан. Третиот пат пред да го однесам земав друга графичка и немаше фрка со неа пробав. Отидов мајки шајки стигнав до газдите, ми понудија друга графичка, ја сменија, топ е од тогаш навака.
Потоа во Сет купив телевизор со 22 000 кеш. Го земав го однесов дома. Откако го уклучив, скартот даваше снег од кабловската. Купив нов кабел скарт, џабе. Го однесов и ми рекоа тие на каса што не виделе телевизор отворен во животот, добар е! Дигнав џева па се спуштив во подрум во сервисот, стоев над глава додека го пробаат, еј абе нечинел?
Ми дадоа друг. Го уклучив дома имаше мртви пиксели. Го однесов, пак иситите шетања, па во сервис следното: да го отвориме и да смениме плоча бла бла. Не сакам на нов тв да ми менувате плочи, дајте ми ги парите, бидејќи по закон за заштита на потрошувачи доколку производот не ви се допаѓа, а го имате оригиналното пакување и фискална, во рок од 2 недели, МОРА да ви го заменат или да ви вратат пари. Ваш избор.
Го кажав сето тоа, но не ми враќаа пари, па се јавив пазарна инспеција и оп ми вратија.
Отидов во Техномаркер и си купив телевизор пупу да не го урочам одличен е.
Во Анхоч купив Елефон, кинески бренд на смартфон кој е во подем, но сеуште во фаза на развој. Во рок од една недела на телефонот му откажа микрофончето, отидов во салон на Анхоч, девојчето не го ни уклучи и ми рече: Сакаш друг телефон или парите? Алоооо за 2 минути без натегање бев примен и ценет во рамки на гаранција!
Реков: извинете немате тоа што ми треба, ќе ве молам ако може парите, па ќе си купам телефон од друго место.
Девојчето искуца потврда на компјутер, потпишав и за недела дена парите ми беа на трансакциска.
Муабетот ми е, овие копучанава од погоре, па кои се тие за мои пари да погазуваат гаранции, па ја низ градов да губам мое време, да носам по 10 пати уреди и да ме мафтаат? Катастрофа еј!
Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk