А што е тоа кај Ајфон 15 Про Макс што работи подобро отколку на Самсунг С24 Ултра (освен Face Id, тука нема муабет)? Или што е тоа што кликнуваш кај Самсунг и не знаеш дали ќе функционира? Тоа можеби е/беше кај некои буџет андроиди од 100 евра нови.
Малку глупо е да се споредува Ајфон со Ј или А серија на Самсунг. Еден колега користеше Шаоми од 6000 денари и откако го искрши купи Ајфон. Вика Ајфонот многу бил подобар
Јас пробав да користам Ајфон пред 1 година но го пуштив на оглас после 20тина дена Освен Face Id, друго ништо не ме бендиса.
Да се надоврзам на Ордевски:
- алармот не покажува колку часа има додека да ѕвони, 3 пати требаше да проверам дали за сабајлето ми е "навијан"
- вифи ако го исклучиш од навбар, се пушта автоматски во 5 на сабајле и титкаат/вибрираат нотификации. За да не се случи тоа требаше да го исклучувам од сетингс
-звукот за нотификација на фб месинџер не можеше да се исклучи, а да има само вибрација. Советот од другари ајфонџии беше да го направам телефонот на силент
-имаше уште нешто, но не ми текнува во моментов
Моментално користам С23 Ултра (дубајски или индиски од ледиком) и немам баш никаква замерка, си тера без проблем.
Ја користам S23 ultra, ама видеото од Ајфон кога е качено на Инстаграм, Фејсбук, Тик Ток е кристално чисто. Од Самсунгот изгледа како да е снимано на A54, па снимај и во 8к ако сакаш. Во денешно време, кога социјалните мрежи се толку популарни, ова е еден од најдобрите selling points. Дизајнот на самиот телефон е далеку поубав на Ајфонот. И една добра особина кај Ајфонот е што и да го малтретираш дневно, и по 2 години ке имаш добар battery life. Јас менувам Самсунг телефон на 2-3 години, само заради тоа што батеријата од редовно полнење и празнење доаѓа до тоа да има капацитет да издржи до 17h попладне, и не помага ни нова оригинална батерија.
Од друга страна, на Ајфонот има(ше) такви недостатоци во минатото што едноставно не ни сакав да правам компромис за да евентуално пробам Ајфон на подолг рок. Тоа што немаше Always on display ми беше огромен deal breaker. E сега, има и еден куп лимитации доколку сакаш да користиш Smart Watch, мора да е од кај нив, и мора да си во нивен еко систем ако сакаш се да ти биде поврзано.
Кастомизации на home screen нема на Iphone, или и да има, не се ни приближно слични како кај Андроид. Трета работа е што никако не можеш да му наредиш на Iphone-от до колку часот да ти дава нотификации од службен мејл, a до кога од приватен. Како некој кој прима 400-500 маилови дневно, ова е deal breaker. Ајфонот помни само 100 последни броја кои сте ги бирале. Андроид иде околу 6 месеци наназад.
Нема бирање директно од тастатура со бројки, наместо да влегуваш во Контакти. Имаше уште еден куп работи кои ми пречеа. Се обидов со Ајфон пред година дена краток период, и сфатив дека не е за мене. Си има предност и маани, но за она што ми треба на мене, преферирам Андроид. Ајфонот е несомнено одлично искомбиниран хардвер и софтвер.